Sjeverna Makedonija10558 vijesti
DruštvoМуцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
Во рамките на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на сесијата „Trade in a Changing World“. Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век. „Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист“, истакна Муцунски. Посебен акцент стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност. „Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација“, порача Муцунски. Во тој контекст, подвлече дека најуспешни ќе бидат државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства. „Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што…
DruštvoГРАНАТА ВО БИТОЛСКО - Артефакт или опасност?
Артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена во селото Скочивир, битолско....
KulturaКонцерт на „Танец“ за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелодии
Музичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“. Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, […] The post Концерт на „Танец“ за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелодии appeared first on Република.
DruštvoВИДЕО: Поплави во Истанбул, загина дете
Локалните власти на Истанбул наредија затворање на училиштата, а државните службеници со инвалидитет и мајките со мали деца денеска се ослободени од работните обврски поради вчерашните обилни дождови што го поплавија градот. Четиринаесетгодишно момче загина од струен удар во паркот во истанбулскиот кварт Фатих откако стапна на жица под напон. Обилните дождови ги поплавија улиците, подвозниците, тунелите, куќите и деловните простории, а и го отежнаа сообраќајот во 16-милионскиот град. DRAMATIC RESCUE: Video shows woman being pulled to safety after being swept away by powerful floodwaters in Istanbul, Turkey https://t.co/7dpkpYGbOg — Insider Paper (@TheInsiderPaper) October 15, 2026 Случајни минувачи спасија една жена од надојдената вода, додека пожарникарите извлекоа едно лице од поплавен подрум. Локалните власти упатија апел до граѓаните да не ги напуштаат домовите освен ако е апсолутно неопходно. Вчера во Истанбул наврнаа околу 100 литри дожд на квадратен метар. Во некои области, количината на врнежи беше значително поголема. Во Бејкоз наврнаа 210 литри дожд, 170 во Ејупсултан и Саријер, 130 во Арнавуткој и 120 литри дожд на квадратен метар во Бујукчекмеџе. İstanbul Başakşehir Olimpiyat stadı önü.. Sel gidiyor, mecbur olmayan dışarı çıkmasın... #yağmur https://t.co/aZx7pm2I2d — Zeki Bahçe (@zekibahce) October 14, 2026 Службите за итни случаи вчера од шест до 20…
PolitikaСДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова
Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски. Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата, се вели во соопштението од СДСМ. – Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“. А кој е... Текстот СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова е превземен од А1он.
SvijetИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА: Техеран размислува за превентивен напад врз САД и Израел, иранските власти убедени дека следува нов американски удар
Иран би можел да изврши директен превентивен воен напад доколку неговите разузнавачки служби утврдат дека САД или Израел се подготвуваат за непосредна воена операција против иранска територија, објавува израелската телевизија i24NEWS, повикувајќи се на информации од ирански официјални претставници. Според извештајот, во Техеран владее атмосфера на очекување нова војна, а високи ирански функционери наводно се […]
KulturaДенеска се отвора изложбата „Петокрака и шестокрака – Евреите од Македонија во НОВ“
Денеска, на 15 октомври во 19 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се отвора изложбата „Петократка и шестокрака – Евреите од Македонија во НОВ“ Главната порака на изложбата е зачувување на колективното сеќавање за една генерација чиј непокор, визија и храброст се вградени во темелите на современата македонска слобода. The post Денеска се отвора изложбата „Петокрака и шестокрака – Евреите од Македонија во НОВ“ appeared first on Република.
KulturaАлександар Прокопиев на меѓународен фестивал на прозата „Quadrat“ во Кишинев, престолнината на Молдавија
Александар Прокопиев е еден од повиканите учесници на IV меѓународен фестивал на прозата „Quadrat“ што од 15-18 октомври се одржува во Кишинев, престолнината на Молдавија. Фестивалот е најголем молдавски фестивал на прозата, на којшто годинава, освен македонскиот писател, учествуваат еминентни прозаисти од „четирите страни на Европа и подалеку“, од Шпанија, Италија, Романија, Турција, Азербејџан, Словачка, […] The post Александар Прокопиев на меѓународен фестивал на прозата „Quadrat“ во Кишинев, престолнината на Молдавија appeared first on Република.
Kultura40 години од „Пронајден облик“: Објавена „Поетски облици на времето“ од Раде Силјан
По повод четириесет години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), првата авторска книга на Раде Силјан со критики и есеи, објавена е неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“. Јубилејот го насочува вниманието кон значаен придонес во македонската книжевност и култура: повеќедецениската работа на Силјан во препознавањето на книжевните вредности, толкувањето на творечките опуси и поврзувањето на генерациите во заедничка книжевна меморија. Од „Пронајден облик“, преку „Македонски писатели и дела“ и „Текови на македонската литература“, до критичките огледи и антологиите посветени на македонската поезија, проза и драма, Силјан гради дело што учествува во обликувањето на претставата за македонската книжевност. Неговата критика ги образложува вредносните судови, а антологичарската работа ги поставува избраните автори и дела во поширока историска слика. Во таа долготрајна грижа за читањето, вреднувањето и пренесувањето на книжевното наследство е и поширокото културно значење на јубилејот. Новата книга „Поетски облици на времето“ му дава на јубилејот конкретен и траен книжевен израз. Таа обединува критички огледи за творечките остварувања на 30 поети, поврзани со разгледувања на постарото книжевно наследство. Во шест книжевноисториски и поетички целини, Силјан го следи патот од средновековното слово и Преродбата, преку илинденскиот период, револуционерната и социјалната песна, до основоположниците на современата…
KulturaДолжан: Македонскиот јазик веќе не звучи македонски
„Македонскиот јазик веќе не звучи македонски“, предупреди словенечката преведувачка Соња Должан во обраќањето по повод признанието „Блаже Конески“, кое денеска ѝ го додели Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Таа повика на секојдневна грижа за јазикот и порача: „Не смееме да кажеме дека сме беспомошни“. „Знам дека понекогаш е непријатно кога некој од страна […] The post Должан: Македонскиот јазик веќе не звучи македонски appeared first on Република.
RegionПолицијата во Сплит спречи судир помеѓу навивачите на Хајдук и Ајакс, приведени 57 луѓе
Полицијата во Сплит синоќа приведе 57 луѓе и спречи судир помеѓу навивачите на фудбалските клубови Хајдук и Ајакс. Во инцидентот, како што соопшти хрватската полиција, не е повредени ниту едно лице. Според полиција инцидентот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути кога стотина навивачи на двата клуба се сретнале во центарот на Сплит. Полицијата употреби сила за да ги растера навивачите и јавниот ред и мир беше воспоставен за 15 минути. Во болницата во Сплит синоќа побарале помош двајца Холанѓани поради полесни повреди. Претходно, двајца холандски навивачи беа повредени и побарале лекарска помош. Според дел од хрватските медиуми, околу 150 навивачи на Хајдук синоќа ги нападнале навивачите на Ајакс, а полицијата спречила ширење на немирите. На синоќешните немири им претходеа неколку инциденти. Полицијата претходно пријави два одделни напади во кои беа полесно повредени двајца холандски државјани. Шест хрватски државјани беа приведени за овие напади, а уште десет беа приведени за поседување нелегални предмети. Полицијата во вторникот вечерта привела 32 лица, од кои 19 странски и 13 хрватски државјани. Хајдук и Ајакс денеска ќе играат натпревар од Конференциската лига на УЕФА. Полицијата најави зголемени безбедносни мерки за натпреварот и ги повика граѓаните и угостителите да пријават секоја ситуација што…
Kultura40 години од „Пронајден облик“: Објавена „Поетски облици на времето“ од Раде Силјан
Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство По повод четириесет години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), првата авторска книга на Раде Силјан со критики и есеи, објавена е неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“. Јубилејот го насочува вниманието кон […] The post 40 години од „Пронајден облик“: Објавена „Поетски облици на времето“ од Раде Силјан appeared first on Република.