40 години од „Пронајден облик“: Објавена „Поетски облици на времето“ од Раде Силјан

По повод четириесет години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), првата авторска книга на Раде Силјан со критики и есеи, објавена е неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“. Јубилејот го насочува вниманието кон значаен придонес во македонската книжевност и култура: повеќедецениската работа на Силјан во препознавањето на книжевните вредности, толкувањето на творечките опуси и поврзувањето на генерациите во заедничка книжевна меморија. Од „Пронајден облик“, преку „Македонски писатели и дела“ и „Текови на македонската литература“, до критичките огледи и антологиите посветени на македонската поезија, проза и драма, Силјан гради дело што учествува во обликувањето на претставата за македонската книжевност. Неговата критика ги образложува вредносните судови, а антологичарската работа ги поставува избраните автори и дела во поширока историска слика. Во таа долготрајна грижа за читањето, вреднувањето и пренесувањето на книжевното наследство е и поширокото културно значење на јубилејот. Новата книга „Поетски облици на времето“ му дава на јубилејот конкретен и траен книжевен израз. Таа обединува критички огледи за творечките остварувања на 30 поети, поврзани со разгледувања на постарото книжевно наследство. Во шест книжевноисториски и поетички целини, Силјан го следи патот од средновековното слово и Преродбата, преку илинденскиот период, револуционерната и социјалната песна, до основоположниците на современата…
Povezane vijesti

Predstavljena knjiga "Pouke ljubavi za život večni" đakona Aleksandra Ciganovića
