Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Во рамките на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на сесијата „Trade in a Changing World“. Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век. „Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист“, истакна Муцунски. Посебен акцент стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност. „Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација“, порача Муцунски. Во тој контекст, подвлече дека најуспешни ќе бидат државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства. „Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што…
Povezane vijesti

Муцунски по средбата со Флајдубаи: Од март директна авионска линија Дубаи–Скопје три пати неделно

ПОСТОИ РИЗИК ДА ПУКНЕ ФИНАНСИСКИОТ МЕУР ОКОЛУ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
