Полицијата во Сплит спречи судир помеѓу навивачите на Хајдук и Ајакс, приведени 57 луѓе

Полицијата во Сплит синоќа приведе 57 луѓе и спречи судир помеѓу навивачите на фудбалските клубови Хајдук и Ајакс. Во инцидентот, како што соопшти хрватската полиција, не е повредени ниту едно лице. Според полиција инцидентот се случил синоќа околу 23 часот и 30 минути кога стотина навивачи на двата клуба се сретнале во центарот на Сплит. Полицијата употреби сила за да ги растера навивачите и јавниот ред и мир беше воспоставен за 15 минути. Во болницата во Сплит синоќа побарале помош двајца Холанѓани поради полесни повреди. Претходно, двајца холандски навивачи беа повредени и побарале лекарска помош. Според дел од хрватските медиуми, околу 150 навивачи на Хајдук синоќа ги нападнале навивачите на Ајакс, а полицијата спречила ширење на немирите. На синоќешните немири им претходеа неколку инциденти. Полицијата претходно пријави два одделни напади во кои беа полесно повредени двајца холандски државјани. Шест хрватски државјани беа приведени за овие напади, а уште десет беа приведени за поседување нелегални предмети. Полицијата во вторникот вечерта привела 32 лица, од кои 19 странски и 13 хрватски државјани. Хајдук и Ајакс денеска ќе играат натпревар од Конференциската лига на УЕФА. Полицијата најави зголемени безбедносни мерки за натпреварот и ги повика граѓаните и угостителите да пријават секоја ситуација што…


