Sjeverna Makedonija9664 vijesti
RegionСилно невреме во Грција: Поплавени објекти, возила во море, забрана за испловување фериботи (ВИДЕО)
Силно невреме денеска зафати голем дел од Грција, при што се поплавени улици, продавници и домови, прекината е струјата на повеќе острови и е забрането испловување на фериботите, објавија грчките медиуми. Цивилната заштита го прогласи највисокото ниво на тревога за островската група Споради, туристичкиот остров Крит и областа Атика, во која се наоѓа главниот град Атина. Граѓаните се повикани да не излегуваат надвор освен во случај на итна потреба, а многу училишта останаа затворени од претпазливост. Δραματικές εικόνες στο νησί της Ρόδου παρασύρονται αυτοκίνητα στην θάλασσα. Βίντεο : Axantek https://t.co/YzL3t1cTO5 — Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) October 14, 2026 Прекини во снабдувањето со електрична енергија беа пријавени на островите Скијатос и Скопелос, додека на островот Евија има соборени бројни дрвја. На Родос, припадници на противпожарната служба морале да спасуваат жена од нејзиниот автомобил, кој бил опколен со надојдена вода. До понатамошно известување е забрането испловување на фериботите од главните пристаништа на копното, Лаврио и Пиреј (како и пристаништата во Атина). Во Егејското Море дуваат силни ветрови со налети побрзи од 100 километри на час. 🥺 Δυστυχώς τα νέα δεν είναι καλά απ’ τη Ρόδο 1 άνθρωπος έχασε τη ζωή του ενώ παρασύρθηκε και βρέθηκε το αυτοκίνητό του μέσα στην θάλασσα. Βίντεο…
BiznisХоџа: МЖСПП не е надлежно за отпадот во Куманово, трае постапката за избор на компанија за изградба на регионален центар за отпад во Свети Николе
Во врска со градот Куманово таму има постапка за избор на компанија која ќе реализира изградба на регионален центар за собирање на отпад во Свети Николе. Овој регионален центар се финансира од ЕУ и преку ИПА фондовите и Министерството не е директно инволвирано, изјави денеска на седницата за опозициски прашања министерот за животна Мухамет Хоџа одговарајќи на прашање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ во врска со проблемот со депонијата Краста во Куманово и одложувањето отпад. -Последните информации што ги имаме се дека постапките се уште продолжуваат и оти чекаме наскоро финална одлука за која ние како Министерство се надеваме дека ќе биде позитивна, односно дека ќе се направи избор на компанија и операторот наскоро да почне со изградба на регионален центар за собирање на отпад што ќе биде во Свети Николе - изјави Хоџа. Во согласност со нашите закони транспортот, собирањето и одложувањето на отпадот во нашата земја се во директна надлежност на локалната самоуправа. Спасовски побара од министерот Хоџа писмено да достави до него информации во врска со новиот регионален центар во Свети Николе. На прашање од пратеникот Спасовски во врска со уредувањето на речното корито на Пчиња кај Шупљи Камен односно, дека приватна фирма вршела експлоатација на…
SvijetЗапленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денеска спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид. Контролата, како што соопштија од АХВ, беше насочена... Текстот Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто е превземен од А1он.
KulturaСулејмани: Инвестирањето во библиотеките е инвестирање во темелите на општеството
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска се обрати на отворањето на првата меѓународна конференција „Мост на знаењето: Различноста, дијалогот и иновациите во современите библиотеки“ во Тетово, нагласувајќи ја значајната улога на библиотеките во развојот на образованието, културата и критичкото мислење. „Министерството за култура и туризам ја препознава важноста на ваквите иницијативи. Ние сме убедени дека инвестирањето во библиотеките, во нивната модернизација, во дигитализацијата на фондовите и во професионалниот развој на кадрите е инвестирање во темелите на општеството. Знаењето, читањето и културната писменост се предуслови за демократски развој, за критичка јавност и за одржлива иднина“, истакна Сулејмани. Тој нагласи дека библиотеките се простори каде што се чува колективната меморија, каде што се негува критичкото мислење и каде што се градат мостови меѓу различни заедници, генерации и култури. „Во време кога информацискиот простор е преплавен со содржини, улогата на библиотеката како доверлив, отворен и квалитетен извор на знаење станува уште поважна“, посочи министерот. Сулејмани ја поздрави посветеноста на директорот на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, Бинас Пајазити, и на вработените, истакнувајќи дека конференцијата претставува значајна можност за продлабочување на професионалната соработка и размена на искуства во регионот. „Нивното залагање покажува дека институцијата не само што ги исполнува своите…
SvijetЕУ сака САД да ги укинат санкциите врз Меѓународниот кривичен суд
Европската Унија би претпочитала САД да се откажат од воведувањето санкции врз Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави денеска портпаролката на ЕУ, Сиобан Мекгари, наведувајќи дека Брисел им дава приоритет на дијалогот и дипломатските активности. „Нашата претпочитана опција би била САД всушност да ги укинат овие санкции“, рече портпаролоката на брифинг за медиумите. На прашањето дали ова значи дека таканаречениот статут за блокирање не е приоритетна опција во моментов, портпаролот одговори дека ЕУ му дава приоритет на дијалогот, но во исто време ги разгледува сите можни мерки за да му овозможи на МКС да продолжи да работи и да ги извршува своите важни задачи. (МИА)
LifestyleТиквата е кралица на есента: Поволноста за човековото здравје е огромна
Со доаѓањето на есента, тиквата повторно станува една од најпосакуваните намирници на трпезата. Нејзината впечатлива портокалова боја, природната сладост и богатството од витамини ја прават многу повеќе од обичен сезонски зеленчук. Тиквата е хранлива, нискокалорична и лесно се вклопува во секојдневната исхрана, а нутриционистите ја препорачуваат како одличен избор во студените месеци. Есента мириса на […] The post Тиквата е кралица на есента: Поволноста за човековото здравје е огромна appeared first on Република.
Crna kronikaШумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
Шумската полиција спровела засилени акции против нелегалната сеча низ целата држава, при што во текот на септември и во почетокот на октомври беа запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави. Како што соопшти МЗШВ, привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, […] The post Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави appeared first on Република.
SvijetМисајловски: Со закон ќе се овозможи македонски компании да работат во делови на воената индустрија за потребите на Армијата
Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да направиме посебни зони, коишто ќе бидат во делот на нашите капацитети каде што имаме корисничко право и на тој начин да им овозможиме на компании да учествуваат и да обезбедиме средства за компании што сакаат да работат во различни делови на воена индустрија, истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисјаловски на Собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. Одговарајќи на прашањето на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, конкретно што е направено за домашните компании да ги искористат можностите од НАТО, тој појасни дека со новото законско решение кое треба да биде ставено пред пратениците, предвидено е домашни компании да се субвенционираат за дополнително да се развиваат во одбранбената индустрија. На млади компании што веќе излегле на пазарот, а не можат да продаваат во странство, ние, вели Мисајловски, ќе направиме еден вид истражување (research and development) како да им дадеме дополнителни средства да се развиваат и да продаваат тука производи, пред сè, да ги користи Армијата, а потоа да добиваат потврда за користење со што ќе може да излезат на кој било пазар, па и во НАТО, во земјите членки на НАТО да го продаваат. Министерот појасни дека имале…
KulturaБитолскиот театар со претставата „Кориолан“ гостува во Полска
Актери на НУ Народен театар Битола денеска отпатуваа во Полска каде на фестивалот „Direction East“ ќе ја изведат претставата „Кориолан“ од Шекспир во режија на Џон Блондел. На меѓународниот фестивал во Бјалисток, битолските актери ќе настапат на 16 октомври, односно на претпоследната фестивалска вечер од културниот настан кој почна на 10 октомври. Театарската претстава „Кориолан“ […] The post Битолскиот театар со претставата „Кориолан“ гостува во Полска appeared first on Република.
LifestyleКлековски: Нов сет на услуги со мултидисциплинарниот кабинет за дојка и новата лабораторија во штипската болница
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамките на Клиничката болница – Штип. Клековски при посетата рече дека речиси 1.000 жени годишно заболуваат од оваа болест. – Во месецот во кој се обидуваме да ја подигнеме свесноста за борба против ракот на дојката, еден од најчестите канцери, речиси 1.000 […] The post Клековски: Нов сет на услуги со мултидисциплинарниот кабинет за дојка и новата лабораторија во штипската болница appeared first on Република.
KulturaВо Њујорк се отвора изложба на македонски архитекти
„Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“ е посветена на творештвото и архитектонското наследство на проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, како и на генерациите архитекти и соработници кои го продолжуваат овој архитектонски дијалог. Изложбата го претставува периодот на општествена, културна и економска транзиција низ архитектурата – како сведоштво за […] The post Во Њујорк се отвора изложба на македонски архитекти appeared first on Република.
Crna kronikaЗапленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат, денеска спроведе вонредна инспекциска контрола на зелениот пазар во скопската населба Ченто, при што запленети се околу два тони небезбедна храна од различен вид. Контролата, како што соопштија од АХВ, беше насочена кон проверка на условите под […] The post Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто appeared first on Република.