Хоџа: МЖСПП не е надлежно за отпадот во Куманово, трае постапката за избор на компанија за изградба на регионален центар за отпад во Свети Николе

Во врска со градот Куманово таму има постапка за избор на компанија која ќе реализира изградба на регионален центар за собирање на отпад во Свети Николе. Овој регионален центар се финансира од ЕУ и преку ИПА фондовите и Министерството не е директно инволвирано, изјави денеска на седницата за опозициски прашања министерот за животна Мухамет Хоџа одговарајќи на прашање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ во врска со проблемот со депонијата Краста во Куманово и одложувањето отпад. -Последните информации што ги имаме се дека постапките се уште продолжуваат и оти чекаме наскоро финална одлука за која ние како Министерство се надеваме дека ќе биде позитивна, односно дека ќе се направи избор на компанија и операторот наскоро да почне со изградба на регионален центар за собирање на отпад што ќе биде во Свети Николе - изјави Хоџа. Во согласност со нашите закони транспортот, собирањето и одложувањето на отпадот во нашата земја се во директна надлежност на локалната самоуправа. Спасовски побара од министерот Хоџа писмено да достави до него информации во врска со новиот регионален центар во Свети Николе. На прашање од пратеникот Спасовски во врска со уредувањето на речното корито на Пчиња кај Шупљи Камен односно, дека приватна фирма вршела експлоатација на…
Povezane vijesti

Велковски: Во Студеничани се подготвуваат две нови детски градинки
