klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Со закон ќе се овозможи македонски компании да работат во делови на воената индустрија за потребите на Армијата

Мисајловски: Со закон ќе се овозможи македонски компании да работат во делови на воената индустрија за потребите на Армијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·14. 10. 2026. 11:42:49

Министерството за одбрана направи закон за воена индустрија, со кој планираме да направиме посебни зони, коишто ќе бидат во делот на нашите капацитети каде што имаме корисничко право и на тој начин да им овозможиме на компании да учествуваат и да обезбедиме средства за компании што сакаат да работат во различни делови на воена индустрија, истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисјаловски на Собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. Одговарајќи на прашањето на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, конкретно што е направено за домашните компании да ги искористат можностите од НАТО, тој појасни дека со новото законско решение кое треба да биде ставено пред пратениците, предвидено е домашни компании да се субвенционираат за дополнително да се развиваат во одбранбената индустрија. На млади компании што веќе излегле на пазарот, а не можат да продаваат во странство, ние, вели Мисајловски, ќе направиме еден вид истражување (research and development) како да им дадеме дополнителни средства да се развиваат и да продаваат тука производи, пред сè, да ги користи Армијата, а потоа да добиваат потврда за користење со што ќе може да излезат на кој било пазар, па и во НАТО, во земјите членки на НАТО да го продаваат. Министерот појасни дека имале…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti