Sjeverna Makedonija12082 vijesti
ZabavaХали Бери обвинета дека физички го малтретирала својот син, еве што вели таа
Американската актерка Хали Бери продолжува да одрекува пред Судот дека, како што тврди нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез, физички го малтретирала нивниот 13-годишен син Мејс. Бери ги одрекува сите обвинувања. На фотографијата што Мартинез ја приложи пред Судот не се гледаат траги од насилство, така што, според мене, доказот на мојот поранешен сопруг е невалиден, се наведува во судските документи поднесени на 13 октомври. Актерот по разводот побара целосно старателство над синот, а како причина го наведе инцидентот што, според него се случил на 26 септември, тврдејќи дека тоа не е прв случај на малтретирање. - На приложената фотографија нема модринки, црвенило ниту траги од давење, па според мене Мартинез нема основа за тужба. На фотографијата се гледа како син ми мирно стои, со рацете во џеб, на неколку чекори од мене, изјави актерката. Спротивно од неа, Мартинез посведочил дека нивниот син ја фотографирал мајка си веднаш по инцидентот бидејќи, како што навел, и во минатото бил изложен на насилство, но никој не му верувал. - Син ми и предходно се жалеше од мајка му, но никој не му поверува. Па затоа, како што ми кажа самиот, ја направил фотографијата, наведе Мартинез. По ова, судот бара сведочење и од наводната…
DruštvoЕсенски базар со 26 современи ракотворци
Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар – „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври. Во текот на трите […] The post Есенски базар со 26 современи ракотворци appeared first on Република.
DruštvoЕсенски базар со 26 современи ракотворци
Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар – „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври. Во текот на трите […] The post Есенски базар со 26 современи ракотворци appeared first on Република.
DruštvoЕврото падна на најниско ниво во последните 16 месеци во однос на доларот
Американскиот долар ја зацврсти својата позиција на девизните пазари, додека еврото се спушти на најниското ниво во последните 16 месеци во однос на американската валута. Падот следува по објавувањето на новите податоци за инфлацијата во САД, кои ги засилија очекувањата дека американската централна банка би можела да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво или […] The post Еврото падна на најниско ниво во последните 16 месеци во однос на доларот appeared first on Република.
TehnologijaФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал
Успехот на македонската полиција доби признание и од ФБИ, кој јавно ја поздрави заедничката акција и апсењето на администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“. Првата заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ испраќа силна порака – криминалот нема граници, но нема ниту борбата против него! Продолжуваме со силна меѓународна соработка, конкретни резултати и бескомпромисна борба […] The post ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал appeared first on Република.
SportШто се случува во Сити?
– Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, даде свој коментар за синоќешниот поразот (2:4) од ПСЖ во второто коло од Лигата на шампионите. – Беше тежок резултат. Дефинитивно треба да научиме од овој натпревар. Беше прилично чудна ситуација. Пред да го примиме првиот гол, противниците не создадоа никакви опасни шанси во близина на нашиот гол. […] The post Што се случува во Сити? appeared first on Република.
DruštvoВИДЕО: Казнет младиот штипјанец кој „дрифташе“ со автомобил, немал возачка
По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К.(22) од Штип. -Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување, информира МВР. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1107821745336866"]
Politika(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките
По повод Меѓународниот ден на руралната жена, раководителот на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) при Левица, Евгенија Станкоска, на денешната прес-конференција најави дека Левица повторно ќе го поднесе Предлог-законот со кој се бара индивидуалните земјоделки да добијат законски загарантирано право на платено породилно отсуство. Предлог-законот беше поднесен во 2023 година,... Текстот (ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките е превземен од А1он.
DruštvoТарт со блитва и сардини
Крцкаво лиснато тесто, сочен доматен сос, свежа блитва и сардини во маслиново масло – медитеранска комбинација што освојува со едноставноста и богатството на вкусови. Овој тарт е одличен избор за ручек, вечера или вкусно мезе што се служи топло. Состојки: 500 г замрзнато лиснато тесто 2 конзерви сардини во маслиново масло (по 115 г) 390 г сечкани домати 200 г млада блитва 60 г кромид 4 чешниња лук 50 мл екстра девствено маслиново масло 1 лажица капари 250 г рикота или урда Сол и свежо мелен црн пипер по вкус Подготовка: Блитвата и руколата исечкајте ги на помали парчиња, прелијте ги со маслиновото масло и измешајте.Кромидот и капарите ситно исечкајте ги, додајте го истиснатиот лук и измешајте ги со сечканите домати. На набрашнета работна површина развлечете го лиснатото тесто и исечете го на четири еднакви правоаголници, приближно 30 × 10 см. Секое парче тесто премачкајте го со доматната смеса. Распоредете две третини од блитвата, а потоа додајте ја рикотата или урдата, искршена на помали парчиња. Одозгора наредете ги исцедените сардини, прелијте со малку од маслото од конзервите и зачинете со сол и црн пипер. Завршете со преостанатата блитва. Тартовите наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете…
DruštvoИран со директна закана кон САД: Ги одбројуваме моментите до потопувањето на американските носачи на авиони
Иранската Револуционерна гарда упати директна закана до американската морнарица, предупредувајќи дека е подготвена да потопи американски воени бродови доколку се приближат до Ормускиот Теснец. Техеран тврди дека располага со ракетни капацитети способни да ги загрозат и најскапите американски носачи на авиони. Контраадмиралот Али Азмаеи, висок командант на морнаричките сили на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), во […]
Crna kronikaПолицаец си земал неработни денови со лажно давање на крв
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. […] The post Полицаец си земал неработни денови со лажно давање на крв appeared first on Република.
PolitikaВМРО-ДПМНЕ: Се реконструираат патни правци и улици, Пробиштип се развива со силно темпо со над 100 милиони денари инвестиции
Во изминатиот период Пробиштип се развива со силно темпо, над 100 милиони денари инвестиции за подобра иднина. Општина Пробиштип продолжува со реализација на значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. -Со над 100 милиони денари инвестиции во патната инфраструктура, водоснабдувањето, спортот и урбаниот развој, во Пробиштип се создаваат подобри услови за живот, нови можности за развој и посигурна иднина за сите населени места. Се изградија и реконструкруираа улиците „3-та“, „3-ти Април“, „Јаким Стојковски“, „Ленинов плоштад“, „Никола Карев“. Целосно се реконструираше патниот правец од Пробиштип до село Кундино, а продолжуваат градежните работи за реконструкција на патот помеѓу селата Горни и Долни Стубол, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во тек е реконструкцијата на планинарскиот дом „Црн Врв“, како и изградба на нов паркинг-простор во Лесново, место кое привлекува се поголем број посетители. Паралелно,општина Пробиштип врати над 50 милиони денари од општинскиот долг и се подготвуваат нови проекти вредни дополнителни 70 милиони денари. Општина Пробиштип продолжува посветено, одговорно и со јасна визија, за модерно, развиено и просперитетно Пробиштип“ соопшти владејачката партија.