Тарт со блитва и сардини

Крцкаво лиснато тесто, сочен доматен сос, свежа блитва и сардини во маслиново масло – медитеранска комбинација што освојува со едноставноста и богатството на вкусови. Овој тарт е одличен избор за ручек, вечера или вкусно мезе што се служи топло. Состојки: 500 г замрзнато лиснато тесто 2 конзерви сардини во маслиново масло (по 115 г) 390 г сечкани домати 200 г млада блитва 60 г кромид 4 чешниња лук 50 мл екстра девствено маслиново масло 1 лажица капари 250 г рикота или урда Сол и свежо мелен црн пипер по вкус Подготовка: Блитвата и руколата исечкајте ги на помали парчиња, прелијте ги со маслиновото масло и измешајте.Кромидот и капарите ситно исечкајте ги, додајте го истиснатиот лук и измешајте ги со сечканите домати. На набрашнета работна површина развлечете го лиснатото тесто и исечете го на четири еднакви правоаголници, приближно 30 × 10 см. Секое парче тесто премачкајте го со доматната смеса. Распоредете две третини од блитвата, а потоа додајте ја рикотата или урдата, искршена на помали парчиња. Одозгора наредете ги исцедените сардини, прелијте со малку од маслото од конзервите и зачинете со сол и црн пипер. Завршете со преостанатата блитва. Тартовите наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете…


