Хали Бери обвинета дека физички го малтретирала својот син, еве што вели таа

Американската актерка Хали Бери продолжува да одрекува пред Судот дека, како што тврди нејзиниот поранешен сопруг Оливие Мартинез, физички го малтретирала нивниот 13-годишен син Мејс. Бери ги одрекува сите обвинувања. На фотографијата што Мартинез ја приложи пред Судот не се гледаат траги од насилство, така што, според мене, доказот на мојот поранешен сопруг е невалиден, се наведува во судските документи поднесени на 13 октомври. Актерот по разводот побара целосно старателство над синот, а како причина го наведе инцидентот што, според него се случил на 26 септември, тврдејќи дека тоа не е прв случај на малтретирање. - На приложената фотографија нема модринки, црвенило ниту траги од давење, па според мене Мартинез нема основа за тужба. На фотографијата се гледа како син ми мирно стои, со рацете во џеб, на неколку чекори од мене, изјави актерката. Спротивно од неа, Мартинез посведочил дека нивниот син ја фотографирал мајка си веднаш по инцидентот бидејќи, како што навел, и во минатото бил изложен на насилство, но никој не му верувал. - Син ми и предходно се жалеше од мајка му, но никој не му поверува. Па затоа, како што ми кажа самиот, ја направил фотографијата, наведе Мартинез. По ова, судот бара сведочење и од наводната…


