ВМРО-ДПМНЕ: Се реконструираат патни правци и улици, Пробиштип се развива со силно темпо со над 100 милиони денари инвестиции

Во изминатиот период Пробиштип се развива со силно темпо, над 100 милиони денари инвестиции за подобра иднина. Општина Пробиштип продолжува со реализација на значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. -Со над 100 милиони денари инвестиции во патната инфраструктура, водоснабдувањето, спортот и урбаниот развој, во Пробиштип се создаваат подобри услови за живот, нови можности за развој и посигурна иднина за сите населени места. Се изградија и реконструкруираа улиците „3-та“, „3-ти Април“, „Јаким Стојковски“, „Ленинов плоштад“, „Никола Карев“. Целосно се реконструираше патниот правец од Пробиштип до село Кундино, а продолжуваат градежните работи за реконструкција на патот помеѓу селата Горни и Долни Стубол, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во тек е реконструкцијата на планинарскиот дом „Црн Врв“, како и изградба на нов паркинг-простор во Лесново, место кое привлекува се поголем број посетители. Паралелно,општина Пробиштип врати над 50 милиони денари од општинскиот долг и се подготвуваат нови проекти вредни дополнителни 70 милиони денари. Општина Пробиштип продолжува посветено, одговорно и со јасна визија, за модерно, развиено и просперитетно Пробиштип“ соопшти владејачката партија.
Povezane vijesti

Тоневски: Над 100 милиони денари инвестиции во патишта, водоснабдување и спортска инфраструктура во Пробиштип

Николов: Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради
