Sjeverna Makedonija18774 vijesti
SportИсторија на Мундијалот: Зеленортските Острови во нокаут-фазата!
Фудбалерите на Зеленортските Острови ја приредија една од најголемите сензации на Светското првенство 2026, откако како второпласирани во групата Х обезбедија место во нокаут-фазата. За оваа африканска селекција тоа е прв ваков успех во историјата. Зеленортските Острови во Хјустон ремизираа без голови против Саудиска Арабија (0:0), а по поразот на Уругвај од Шпанија стигнаа до историскиот пласман. Шпанија го освои првото место во групата со седум бодови, додека Зеленортските Острови завршија втори со три бода. Во шеснаесетфиналето Шпанија ќе игра против второпласираната селекција од групата Ј – Австрија или Алжир, додека Зеленортските Острови ги очекува најтешкиот можен предизвик – актуелниот светски шампион Аргентина. Самиот натпревар не понуди многу возбудувања, но африканската репрезентација покажа поголема желба за победа и создаде повеќе опасни ситуации пред противничкиот гол. Семенјо се закани во првото полувреме, а најголемата шанса ја имаше Дуарте во вториот дел, кога излезе сам пред голманот на Саудиска Арабија, но не успеа да го совлада во ситуација еден на еден. По последниот судиски свиреж, фудбалерите на Зеленортските Острови, предводени од искусниот голман Возиња, веднаш почнаа да ги следат случувањата од натпреварот во Гвадалахара. Кога стана јасно дека Уругвај е поразен од Шпанија, започна големото славје на дебитантот на Светските првенства.
SvijetДенеска се празнува Светиот пророк Елисеј
Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го одредил Елисеј, синот Сафатов, од племето Рувимово, од градот Авелмаул. Илија му ја кажа на Елисеј волјата Господова и го покри со својата наметка и испроси од Бога двојна … Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј Read More » The post Денеска се празнува Светиот пророк Елисеј appeared first on Слободен печат.
САД сакаат да бидат организатори и на СП 2038!!!
Соединетите Американски Држави навистина се ненаситни. Имено тие уште сега размислуваат за кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2038 година, изјави Ендру Џулијани, извршен директор на Работната група за СП во Белата куќа. „Кога мислите дека ова Светско првенство би можело да се прошири на 64 репрезентации во одреден момент, мислам дека Соединетите Американски […]
Зеленортските Острови се во 1/16-финалето на СП
Фудбалерите на Зеленортските Острови испишаа историја и обезбедија пласман во 1/16-финалето на Светското првенство, откако во последното коло од групата Х одиграа без голови против Саудиска Арабија (0-0) во Хјустон. Со три нерешени резултати во групната фаза, африканската селекција го освои второто место и во нокаут-рундата ќе се соочи со актуелниот светски шампион Аргентина. Натпреварот […]
SportСелекторот на Норвешка објасни зошто ги одмори Халанд и Едегор
Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, ја објасни својата одлука против Франција на Светското првенство да изведе речиси целосно изменет состав, нагласувајќи дека единствената цел била неговата репрезентација што посвежа да ја дочека нокаут-фазата. На прес-конференцијата по натпреварот, Солбакен истакна дека приоритет било да се зачува енергијата на клучните играчи за пресметката со Брегот на Слоновата Коска. Норвешка во последното коло од групната фаза загуби од Франција со 4:1, а селекторот одмори дури десет стандардни првотимци, меѓу кои Ерлинг Халанд и капитенот Мартин Едегор. Французите уште во првото полувреме стекнаа убедлива предност, предводени од Усман Дембеле, кој постигна хет-трик. Солбакен објасни дека одморот за носителите на играта бил однапред испланиран поради згуснатиот распоред. „Најважно е да ги наполниме батериите. Имавме најкраток одмор меѓу два натпревари на турнирот, а нов меч нè очекува веќе за четири дена. Единствениот аргумент против оваа одлука е што навивачите не можеа да ги видат Ерлинг Халанд и Мартин Едегор, но ако размислувавме само за тоа, нашиот пат на Светското првенство немаше да трае долго. Тука сме за да стигнеме што подалеку“, изјави селекторот на Норвешка. И покрај убедливиот пораз, Солбакен смета дека неговиот резервен состав покажал карактер и создал доволно шанси резултатот да биде многу поповолен…
SvijetОвој трик непогрешливо покажува дали има црви во црешата
Мирисни, слатки и сочни – црешите се симбол на летото, но понекогаш кријат непоканет гостин. Сезоната на цреши е во полн ек, а покрај вкусот и бојата, ова омилено овошје често крие и несакано изненадување – ситни бели црви кои можат да го расипат задоволството. Иако црешите се одличен извор на витамин Ц и јод, … Овој трик непогрешливо покажува дали има црви во црешата Read More » The post Овој трик непогрешливо покажува дали има црви во црешата appeared first on Слободен печат.
SportДембеле „спакува“ три гола за половина час – Франција ја казни Норвешка
Фудбалерите на Франција ја совладаа Норвешка со 4:1 во натпреварот од последното коло во групата И на Светското првенство 2026. Големо внимание пред почетокот предизвика одлуката на норвешкиот селектор да направи дури десет измени во стартниот состав во однос на претходниот натпревар. Французите за малку ќе го казнеа тој потег уште по само 22 секунди, кога Килијан Мбапе ја погоди пречката и остана без можност да го постигне третиот најбрз гол во историјата на мундијалите. Притисокот на Франција продолжи, а во 15. минута Усман Дембеле со силен удар од шеснаесетникот го совлада Егил Селвик за водство од 1:0. Норвешка набргу пропушти огромна можност за израмнување преку Јорген Странд Ларсен, кој од непосредна близина шутираше над голот. Казната стигна веднаш потоа – по брза контра Дембеле повторно стрелаше за 2:0. Сепак, Норвежаните брзо возвратија. Веќе во следниот напад Тео Осгард со одличен удар од работ на шеснаесетникот намали на 2:1 и внесе неизвесност. До крајот на првото полувреме Дембеле го комплетираше хет-трикот. По одличен продор се ослободи од својот чувар и прецизно погоди во подалечниот агол за 3:1. За трите гола му беа потребни само 32 минути, што претставува втор најбрз хет-трик во историјата на Светските првенства. Побрз бил само Австриецот…
SportСенегал го прегази Ирак, сега ја чека разврската во другите групи
Фудбалерите на Сенегал убедливо го совладаа Ирак со 5:0 во последното коло од групната фаза на Светското првенство 2026 и останаа во игра за пласман во нокаут-фазата. Со оваа победа Сенегал го освои третото место во групата И, зад Норвешка и Франција, и има реални шанси да се најде меѓу осумте најдобри третопласирани селекции кои продолжуваат во следната рунда. Во моментов Сенегал е петта најдобра третопласирана репрезентација на турнирот, а неговата судбина ќе зависи од исходот на преостанатите натпревари во другите групи. Сенегалците уште во 4. минута поведоа преку Хабиб Дијара, а до крајот на првото полувреме резултатот остана 1:0. Ирак дополнително си ја отежна задачата во 13. минута кога Ребин Сулака беше исклучен. Англискиот судија Ентони Тејлор првично му покажа жолт картон, но по интервенција од ВАР ја преиначи одлуката и му додели директен црвен картон. Со играч повеќе, Сенегал во второто полувреме целосно доминираше. Исмаила Сар во 56. минута зголеми на 2:0, а со тој погодок стана и најдобар стрелец на Сенегал во историјата на светските првенства. Само три минути подоцна Сар асистираше до Папе Гај, кој погоди за 3:0. Истиот фудбалер повторно беше прецизен во 72. минута и ја зголеми предноста на 4:0. Конечните 5:0 беа поставени…
SvijetНавидум здодевно хоби сега е „зелено знаме“ за модерните самци
Некогаш профилите на апликациите за запознавање најчесто се разгледуваат поради нечии истакнати бицепси, преслатките кучиња или огромната риба што некој можеби ја уловил, а можеби и не. Но културата на онлајн запознавањето постојано се менува, па така се појавуваат нови трендови и изрази. Се чини дека една од најновите предности за привлечен профил на ваквите … Навидум здодевно хоби сега е „зелено знаме“ за модерните самци Read More » The post Навидум здодевно хоби сега е „зелено знаме“ за модерните самци appeared first on Слободен печат.
SvijetАмерика го нападна Иран - Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ
Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските агенции....
ZnanostДа, ширењето на космосот сè уште се забрзува, велат научниците
Откако повторно ги испитале податоците за одреден тип на експлозија на ѕвезди, тим истражувачи откри дека потврдиле долгогодишна, широко прифатена теорија дека универзумот се шири брзо, пренесува „Ројтерс“. Ова набљудување во 1990-тите довело до хипотезата за постоење на космичка сила наречена „темна енергија“, бидејќи нејзиното постоење не може директно да се открие. Резултатите од студијата … Да, ширењето на космосот сè уште се забрзува, велат научниците Read More » The post Да, ширењето на космосот сè уште се забрзува, велат научниците appeared first on Слободен печат.
SvijetВРАБОТУВАЊЕ ВО СУДОВИТЕ БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ, нов систем на плати и одговорност
Собранието го донесе Законот за судска служба, едно од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството, усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024-2028, соопшти Министерството за правда....