Дембеле „спакува“ три гола за половина час – Франција ја казни Норвешка

Фудбалерите на Франција ја совладаа Норвешка со 4:1 во натпреварот од последното коло во групата И на Светското првенство 2026. Големо внимание пред почетокот предизвика одлуката на норвешкиот селектор да направи дури десет измени во стартниот состав во однос на претходниот натпревар. Французите за малку ќе го казнеа тој потег уште по само 22 секунди, кога Килијан Мбапе ја погоди пречката и остана без можност да го постигне третиот најбрз гол во историјата на мундијалите. Притисокот на Франција продолжи, а во 15. минута Усман Дембеле со силен удар од шеснаесетникот го совлада Егил Селвик за водство од 1:0. Норвешка набргу пропушти огромна можност за израмнување преку Јорген Странд Ларсен, кој од непосредна близина шутираше над голот. Казната стигна веднаш потоа – по брза контра Дембеле повторно стрелаше за 2:0. Сепак, Норвежаните брзо возвратија. Веќе во следниот напад Тео Осгард со одличен удар од работ на шеснаесетникот намали на 2:1 и внесе неизвесност. До крајот на првото полувреме Дембеле го комплетираше хет-трикот. По одличен продор се ослободи од својот чувар и прецизно погоди во подалечниот агол за 3:1. За трите гола му беа потребни само 32 минути, што претставува втор најбрз хет-трик во историјата на Светските првенства. Побрз бил само Австриецот…


