klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Селекторот на Норвешка објасни зошто ги одмори Халанд и Едегор

Селекторот на Норвешка објасни зошто ги одмори Халанд и Едегор
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·27. 06. 2026. 04:34:18

Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, ја објасни својата одлука против Франција на Светското првенство да изведе речиси целосно изменет состав, нагласувајќи дека единствената цел била неговата репрезентација што посвежа да ја дочека нокаут-фазата. На прес-конференцијата по натпреварот, Солбакен истакна дека приоритет било да се зачува енергијата на клучните играчи за пресметката со Брегот на Слоновата Коска. Норвешка во последното коло од групната фаза загуби од Франција со 4:1, а селекторот одмори дури десет стандардни првотимци, меѓу кои Ерлинг Халанд и капитенот Мартин Едегор. Французите уште во првото полувреме стекнаа убедлива предност, предводени од Усман Дембеле, кој постигна хет-трик. Солбакен објасни дека одморот за носителите на играта бил однапред испланиран поради згуснатиот распоред. „Најважно е да ги наполниме батериите. Имавме најкраток одмор меѓу два натпревари на турнирот, а нов меч нè очекува веќе за четири дена. Единствениот аргумент против оваа одлука е што навивачите не можеа да ги видат Ерлинг Халанд и Мартин Едегор, но ако размислувавме само за тоа, нашиот пат на Светското првенство немаше да трае долго. Тука сме за да стигнеме што подалеку“, изјави селекторот на Норвешка. И покрај убедливиот пораз, Солбакен смета дека неговиот резервен состав покажал карактер и создал доволно шанси резултатот да биде многу поповолен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti