klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Сенегал го прегази Ирак, сега ја чека разврската во другите групи

Сенегал го прегази Ирак, сега ја чека разврската во другите групи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·27. 06. 2026. 04:12:38

Фудбалерите на Сенегал убедливо го совладаа Ирак со 5:0 во последното коло од групната фаза на Светското првенство 2026 и останаа во игра за пласман во нокаут-фазата. Со оваа победа Сенегал го освои третото место во групата И, зад Норвешка и Франција, и има реални шанси да се најде меѓу осумте најдобри третопласирани селекции кои продолжуваат во следната рунда. Во моментов Сенегал е петта најдобра третопласирана репрезентација на турнирот, а неговата судбина ќе зависи од исходот на преостанатите натпревари во другите групи. Сенегалците уште во 4. минута поведоа преку Хабиб Дијара, а до крајот на првото полувреме резултатот остана 1:0. Ирак дополнително си ја отежна задачата во 13. минута кога Ребин Сулака беше исклучен. Англискиот судија Ентони Тејлор првично му покажа жолт картон, но по интервенција од ВАР ја преиначи одлуката и му додели директен црвен картон. Со играч повеќе, Сенегал во второто полувреме целосно доминираше. Исмаила Сар во 56. минута зголеми на 2:0, а со тој погодок стана и најдобар стрелец на Сенегал во историјата на светските првенства. Само три минути подоцна Сар асистираше до Папе Гај, кој погоди за 3:0. Истиот фудбалер повторно беше прецизен во 72. минута и ја зголеми предноста на 4:0. Конечните 5:0 беа поставени…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti