Sjeverna Makedonija10883 vijesti
SportИнфантино им ветува на сите федерации по 25 милиони долари?!
фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X) Кога не знаете како да победите на избори – тогаш купете ги гласачите. Ова е принципот на кој одлучи да се потпре на Џани Инфантино. ФИФА е подготвена да предложи драстично зголемување н
BiznisЗголемен борјот на туристи и ноќевања
Во периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период претходната година, вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава е зголемен за три проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 2,8, а кај странските за 3,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Вкупниот број ноќевања покажува раст од 3,7 проценти. Кај […] The post Зголемен борјот на туристи и ноќевања appeared first on Република.
DruštvoNetflix отпушта речиси 1.000 луѓе
Netflix ќе отпушти околу шест отсто од своите вработени, односно речиси 1.000 работници, според интерна порака до вработените до која дојде CNBC. Отпуштањата најмногу ќе ги погодат тимовите за развој на производи, технологија, правни работи и човечки ресурси. Компанијата ја објави одлуката во средата, при што раководството истакна дека бизнисот... Текстот Netflix отпушта речиси 1.000 луѓе е превземен од А1он.
DruštvoСиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов. Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам. За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција. Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена. За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност. Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од…
DruštvoНачалникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денес,присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“,која се одржа во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина. На свеченоста, со која претседаваше адмиралот Викоф, досегашниот командант, генерал-мајор Озкан Улуташ ја предаде должноста на генерал-мајор Роберто Вергори. Во рамките на посетата, генералот Лафчиски оствари средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, командантот на Здружената оперативна команда на Италија, генерал-потполковник Џовани Мариа Јанучи и командантот на Корпусот за брзо распоредување на НАТО во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Џанлука Караи. На средбите беше потенцирана важноста од заедничкото дејствување и координацијата меѓу сојузничките земји кои остануваат цврсто посветени на колективната безбедност и зајакнувањето на одбранбените капацитети во зоната на одговорност . За време на престојот, генералот Лафчиски ги посети припадниците на македонскиот контингент кои извршуваат активности во реонот на Дечани и Регионалната команда – Запад, Пеќ каде што оствари средба и со командантот, полковник Џузепе Де Балзи . Притоа, беа истакнати високата професионалност, посветеност и придонесот на припадниците…
DruštvoПолска размислува за воведување на задолжителна воена служба
Полска размислува за воведување на задолжителна воена служба со цел да ги зајакне своите вооружени сили, изјави денеска заменичката на министерот за одбрана Магдалена Собковијак-Карнецка. Таа рече дека е за воведување на задолжителна воена служба и за мажи и за жени, а на оваа мерка ќе ѝ претходи период во кој волонтерите ќе се приклучат […]
Crna kronikaСавески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор
Државниот јевен обвинител Ненад Савески, денеска на отворањето на Регионална конференција на УНОДЦ за прекугранична соработка и заштита на жртвите на трговија со луѓе во Западниот Балкан порача дека борбата против овој вид криминал бара брз, флексибилен и заеднички меѓународен одговор, бидејќи криминалните мрежи не познаваат граници и ги користат правните празнини меѓу државите. Како […] The post Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор appeared first on Република.
RegionИталијанскиот генерал-мајор Роберто Вергори ја презеде командата над мисијата КФОР
Италијанскиот генерал-мајор Роберто Вергори денеска ја презеде командата над мисијата КФОР во Приштина од досегашниот командант, турскиот генерал Озкан Улуташ. На примопредавањето на должностите присуствуваа претседателката и премиерката на Косово, Јустина Широка-Пула и Албин Курти, претседателката на Собранието Албулена Хаџију и командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф. Новиот командант на КФОР рече дека мисијата во Косово е најдолгата и „можеби најголемата операција на НАТО“. -Остануваме длабоко посветени на исполнување на нашиот долгорочен мандат, со континуиран оперативен ангажман, рече Вергори. Претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула, рече дека мисијата КФОР „повеќе од 27 години“ игра улога во зачувувањето на мирот во Косово. „Партнерството за мир, нашата развиена рамка за приближување кон членството во НАТО, јасно ја покажува нашата цел. Сакаме КФОР еден ден не само да биде гарант на мирот, туку и директно средство за безбедност“.
DruštvoМВР и ФБИ разбиле нелегален онлајн пазар за трговија со лични податоци – поднесена е кривична против 20-годишник од Тетовско
Според досега обезбедините докази, пријавениот Е.А. во периодот од 2023 до 2025 година бил администратор на домени... The post МВР и ФБИ разбиле нелегален онлајн пазар за трговија со лични податоци – поднесена е кривична против 20-годишник од Тетовско appeared first on 360 степени.
RegionДодик: Србите не се добредојдени во Сараево
Исекувањето на гумите на автомобил со белградски регистарски таблички во Сараево испраќа јасна порака дека граѓаните на Србија и Србите не се добредојдени, изјави лидерот на СНСД, Милорад Додик. Тој го постави прашањето како Србите можат да очекуваат безбедност ако дури и автомобилите со српски регистарски таблички повеќе не се... Текстот Додик: Србите не се добредојдени во Сараево е превземен од А1он.
Crna kronikaРуте: „НАТО апсолутно никогаш нема да нападне прв – ние сме одбранбен сојуз“
За време на прес-конференција, Руте беше прашан дали Русија би можела да биде доволно ирационална за да размислува за напад врз која било земја-членка на НАТО, тој одговори дека Алијансата во моментов не смета дека тоа е случај. „Не мислиме
RegionЗапалени 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска во Народното собрание потврди дека во објект на сателитскиот интернет-сервис Старлинк (Starlink) во околината на Софиоја избувнал пожар при што биле запалени одреден број антени, јавува ДПА. Веста за пожарот прва ја објави прозападната опозициска коалиција „Демократска Бугарија“(ДБ). Премиерот Радев изјави дека нема да изнесе дополнителни детали поради текот на истрагата. „Истрагата е во тек и е исклучително интензивна. Го повикувам претседателот на Државната агенција за национална безбедност засега да не открива детали, и покрај вашиот исклучително голем интерес. Но, нема да помине долго време пред да го решиме ова прашање. Соработуваме со партнерските служби за успешно завршување на оваа операција. Доколку претседателот на агенцијата и полицијата почнат да откриваат што точно е утврдено, нема да го постигнеме резултатот што го бараме. Меѓутоа, можам да кажам дека истрагата е под контрола“, рече Радев, пренесен од Бугарското национално радио. Сателитската мрежа претставува стратешки важен дел од одбраната на Украина во војната против Русија, пренесува ДПА. Според опозициската „Демократска Бугарија, на 9 октомври биле намерно запалени 11 од вкупно 17 антени во таен објект на „Старлинк“ во близина на бугарскиот главен град. Антените ја обезбедувале главната врска со „СпејсИкс“ и се користеле во војната во Украина, соопштија…