klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Запалени 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија

Запалени 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 15:58:54

Бугарскиот премиер Румен Радев денеска во Народното собрание потврди дека во објект на сателитскиот интернет-сервис Старлинк (Starlink) во околината на Софиоја избувнал пожар при што биле запалени одреден број антени, јавува ДПА. Веста за пожарот прва ја објави прозападната опозициска коалиција „Демократска Бугарија“(ДБ). Премиерот Радев изјави дека нема да изнесе дополнителни детали поради текот на истрагата. „Истрагата е во тек и е исклучително интензивна. Го повикувам претседателот на Државната агенција за национална безбедност засега да не открива детали, и покрај вашиот исклучително голем интерес. Но, нема да помине долго време пред да го решиме ова прашање. Соработуваме со партнерските служби за успешно завршување на оваа операција. Доколку претседателот на агенцијата и полицијата почнат да откриваат што точно е утврдено, нема да го постигнеме резултатот што го бараме. Меѓутоа, можам да кажам дека истрагата е под контрола“, рече Радев, пренесен од Бугарското национално радио. Сателитската мрежа претставува стратешки важен дел од одбраната на Украина во војната против Русија, пренесува ДПА. Според опозициската „Демократска Бугарија, на 9 октомври биле намерно запалени 11 од вкупно 17 антени во таен објект на „Старлинк“ во близина на бугарскиот главен град. Антените ја обезбедувале главната врска со „СпејсИкс“ и се користеле во војната во Украина, соопштија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti