klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 16:20:37

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов. Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам. За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција. Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена. За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност. Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti