Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денес,присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“,која се одржа во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина. На свеченоста, со која претседаваше адмиралот Викоф, досегашниот командант, генерал-мајор Озкан Улуташ ја предаде должноста на генерал-мајор Роберто Вергори. Во рамките на посетата, генералот Лафчиски оствари средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, командантот на Здружената оперативна команда на Италија, генерал-потполковник Џовани Мариа Јанучи и командантот на Корпусот за брзо распоредување на НАТО во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Џанлука Караи. На средбите беше потенцирана важноста од заедничкото дејствување и координацијата меѓу сојузничките земји кои остануваат цврсто посветени на колективната безбедност и зајакнувањето на одбранбените капацитети во зоната на одговорност . За време на престојот, генералот Лафчиски ги посети припадниците на македонскиот контингент кои извршуваат активности во реонот на Дечани и Регионалната команда – Запад, Пеќ каде што оствари средба и со командантот, полковник Џузепе Де Балзи . Притоа, беа истакнати високата професионалност, посветеност и придонесот на припадниците…


