Svijet10037 vijesti
SvijetСиљановска-Давкова: Mотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа базирана на принципи и вредности
Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да има обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО. Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. - Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евро-атлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста - објави претседателката на „Фејсбук“. Сиљановска-Давкова на самитот ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата. Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина. На маргините на самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите членки на НАТО. Дводневниот самит во…
SvijetТрамп ја прекинува трговијата и туризмот со Шпанија
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не сака да тргува со Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен партнер“ во НАТО. „Не сакаме повеќе да правиме никаква трговска размена со Шпанија. Патем, би сакал да ја пресечете. Шпанија е ужасен партнер во НАТО. Тие не учествуваат, не плаќаат. Не сакам ништо да имам со Шпанија“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во главниот град на Турција, Анкара. Трамп, исто така, му нареди на секретарот за финансии Скот Бесент веднаш да ја прекине трговијата со Шпанија. „Прекинете ја целата трговија со Шпанија, ве молам, вклучително и посетите… Не сакам повеќе да правам никаква трговија со нив. Во ред, веднаш прифатете го“, рече тој. Трамп повтори дека „не е задоволен“ од НАТО поради недоволната поддршка за време на војната со Иран.
SvijetКос: Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан
Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан. Ова заслужува признание. Логиката на нашата финансиска поддршка е едноставна: колку повеќе една земја ги исполнува реформите, толку повеќе поддршка добива. Комисијата сега ги оценува перформансите на сите партнери од Западен Балкан, реформа по реформа, вели во […]
SvijetЈапонскиот министер за одбрана Коизуми со порака по средбата со Мисајловски: Очекуваме продлабочување на соработката
Министерот за одбрана на Јапонија, Шинџиро Коизуми на социјалната мрежа X објави дека остварил прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски. -Прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Мисајловски. Минатата година беше реализирана посетата на министерот за надворешни работи, прва по три години, па со голем интерес се разговараше дека следната посета би можела да биде на министерот за одбрана. Очекувам понатамошно продлабочување на нашата соработка во иднина, напиша Коизуми во својата објава. Средбата претставува продолжување на дипломатските контакти меѓу двете земји и отворање можности за дополнително унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста. 北マケドニアのミサジロフスキー国防大臣@Defence_MKD とも初対面。昨年は外務大臣の3年ぶりの訪日が実現したので、次は防衛大臣がと盛り上がりました。今後の協力深化に期待です。 pic.twitter.com/IrjrFwkKE1 — 小泉進次郎 (@shinjirokoiz) July 8, 2026
SvijetДаниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје
Димовска, додека траеше постапката за избор на прв човек на најголемиот суд во државата, ја вршеше функцијата... The post Даниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје appeared first on 360 степени.
SvijetМаските полека паѓаат, гнојот излегува
Освен ако не се повлечете во некоја супер-дивина, без телефон и други средства за информации и комуникација, никако не можете да избегате од чудовишнава комедија во сектана што глуми политичка партија. Со елементи на длабоко загноено ткиво што полека се распаѓа. Но и тоа има добри страни зашто и тој циркус конечно ќе заврши, а подобриот дел е што сите полека си го покажуваат вистинското лице криено со децении, кога се претставуваа како „елита“, како некакви социјалдемократи и либерали, како интелектуалци… А всушност гледате сурија глупандери, болни души, особено онаа збирштина која јас од пристојност ја нарекувам „пајтон-интелигенција“! А мојата дијагноза ја потврдува никој друг туку врховниот „врач“ со маска на лицето и скалпел во рацете дури и во петок навечер. Оперира! Но и таа маска одамна клапна, се урниса под простотилакот на „специјалистот“, но со еднакво болна намера да ги повлече сосебе сите оние шапшали кои онака приземно и кукавички му слугуваа(т). Оние за кои „маската“ открива дека се само најдолни полтрони, „луѓе кои со години работеа“ за сите газди во сектата, дури и кога таа се викаше СДСМ, дека тие – баш онаа групација мафијашки „независни аналитичари“ – „не ја предаваат само партијата“ туку дека „ја предаваат идејата“…
SvijetОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: ПОЦ троши за реклами, а граѓаните плаќаат поскап паркинг
Општинскиот комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ упати обвинувања на адреса на директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, тврдејќи дека претпријатието троши средства за промоција на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со повисоки цени за паркирање. Од партијата прашуваат дали зголемувањето на цените за паркинг е поврзано со финансирање на рекламирањето на директорот на Фејсбук, како и дали жителите на Општина Центар, како што наведуваат, ја плаќаат политичката промоција на кадри на СДСМ. Во реакцијата се обвинува Коцевски дека ги манипулира граѓаните со тврдењето дека две третини од паркинг-местата се резидентни и без наплата, посочувајќи дека токму тој го спроведува новиот правилник за паркирање, кој, според ВМРО-ДПМНЕ, дополнително ги оптоварува жителите. Од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ЈП ПОЦ е дел од, како што велат, политиките на градоначалникот Горан Герасимовски и раководството на СДСМ, за кои тврдат дека ја водат Општина Центар во погрешна насока.
SvijetТрамп: Примирјето е завршено
Новинарите во Анкара го замолија американскиот претседател Доналд Трамп да коментира за синоќешните меѓусебни напади на САД и Иран. На прашањето дали е завршен договорот за прекин на огнот меѓу САД и Иран, Трамп одговори: – Тоа е многу интересно прашање. За мене, мислам дека е завршено. Не сакам повеќе да се занимавам со нив. […]
SvijetНа колку степени треба да го поставите фрижидерот во лето? Не ја намалувајте температурата под оваа бројка
Фрижидерот секогаш треба да биде поставен на температура под 4°C, без оглед на годишното време. Причината е што бактериите почнуваат брзо да се размножуваат кога храната ќе ја достигне таа температура. Министерството за енергетика на САД препорачува да се постави на околу 3°C, иако може да се намали и до 1,5°C. Ова помага „потоплите зони“ во фрижидерот, како што е вратата, да се одржат под 4°C, додека задната страна не станува премногу ладна. На околу 1°C, храната почнува да замрзнува. Ако вашиот дом е потопол во лето, може да изгледа логично да ја зголемите температурата на фрижидерот. Сепак, ова не е потребно кај повеќето модерни апарати. Меѓутоа, ако не се чини дека лади доволно, проверете ја температурата. Многу модерни фрижидери имаат дигитален дисплеј на моменталната температура, што го олеснува проверувањето. Постарите или поевтините модели честопати имаат само бројчаник со броеви (на пр. 1-5), каде што не е јасно колку всушност се ладни. Во овој случај, најдобро е да користите термометар. Уште подобро е да користите два термометри, едниот на горната полица, другиот на долната, и редовно да проверувате. Ако температурата се приближи до 4°C, зголемете го ладењето. Проверете повторно по 24 часа за да видите дали ситуацијата се подобрила. Како…
SvijetЦените на нафтата пораснаа по новите американски напади врз Иран
Фјучерсите за сурова нафта „брент“, глобалниот референтен показател, пораснаа за 5,8 отсто, достигнувајќи 76,2 долари за барел.... The post Цените на нафтата пораснаа по новите американски напади врз Иран appeared first on 360 степени.
SvijetМАКЕДОНИЈА МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН СПОРЕД РЕФОРМИТЕ, вели еврокомесарката Марта Кос
Македонија постигна силен напредок во рамките на Реформската агендата и сега е меѓу водечките земји во Западен Балкан.
SvijetРуте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од самитот на НАТО во Анкара изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што изјави, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран. „Кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши, мислам […] The post Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни appeared first on Република.