Сиљановска-Давкова: Mотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа базирана на принципи и вредности

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да има обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО. Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. - Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евро-атлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста - објави претседателката на „Фејсбук“. Сиљановска-Давкова на самитот ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата. Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина. На маргините на самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите членки на НАТО. Дводневниот самит во…


