klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Маските полека паѓаат, гнојот излегува

Маските полека паѓаат, гнојот излегува
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·08. 07. 2026. 09:22:01

Освен ако не се повлечете во некоја супер-дивина, без телефон и други средства за информации и комуникација, никако не можете да избегате од чудовишнава комедија во сектана што глуми политичка партија. Со елементи на длабоко загноено ткиво што полека се распаѓа. Но и тоа има добри страни зашто и тој циркус конечно ќе заврши, а подобриот дел е што сите полека си го покажуваат вистинското лице криено со децении, кога се претставуваа како „елита“, како некакви социјалдемократи и либерали, како интелектуалци… А всушност гледате сурија глупандери, болни души, особено онаа збирштина која јас од пристојност ја нарекувам „пајтон-интелигенција“! А мојата дијагноза ја потврдува никој друг туку врховниот „врач“ со маска на лицето и скалпел во рацете дури и во петок навечер. Оперира! Но и таа маска одамна клапна, се урниса под простотилакот на „специјалистот“, но со еднакво болна намера да ги повлече сосебе сите оние шапшали кои онака приземно и кукавички му слугуваа(т). Оние за кои „маската“ открива дека се само најдолни полтрони, „луѓе кои со години работеа“ за сите газди во сектата, дури и кога таа се викаше СДСМ, дека тие – баш онаа групација мафијашки „независни аналитичари“ – „не ја предаваат само партијата“ туку дека „ја предаваат идејата“…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti