Јапонскиот министер за одбрана Коизуми со порака по средбата со Мисајловски: Очекуваме продлабочување на соработката

Министерот за одбрана на Јапонија, Шинџиро Коизуми на социјалната мрежа X објави дека остварил прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски. -Прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Мисајловски. Минатата година беше реализирана посетата на министерот за надворешни работи, прва по три години, па со голем интерес се разговараше дека следната посета би можела да биде на министерот за одбрана. Очекувам понатамошно продлабочување на нашата соработка во иднина, напиша Коизуми во својата објава. Средбата претставува продолжување на дипломатските контакти меѓу двете земји и отворање можности за дополнително унапредување на соработката во областа на одбраната и безбедноста. 北マケドニアのミサジロフスキー国防大臣@Defence_MKD とも初対面。昨年は外務大臣の3年ぶりの訪日が実現したので、次は防衛大臣がと盛り上がりました。今後の協力深化に期待です。 pic.twitter.com/IrjrFwkKE1 — 小泉進次郎 (@shinjirokoiz) July 8, 2026
Povezane vijesti

Јапонскиот министер Коизуми по средбата со Мисајловски: ОЧЕКУВАМ ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ОДБРАНБЕНАТА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНИЈА

Мисајловски во посета на касарната во Ќојлија
