Svijet5469 vijesti
SvijetЈужна Кореја регистрира нов температурен рекорд
Јужна Кореја ја регистрира својата највисока температура откако почнаа евиденциите во 1904 година. Температурата достигна 42,5 степени во југоисточниот град Јангсан, соопшти метеоролошката агенција на земјата. Мерењето е направено во 13:26 часот по локално време, соопшти агенцијата на својата веб-страница. Градот се наоѓа во близина на главното пристаниште Бусан. Претходната рекордна температура измерена во Јужна […]
SvijetБен Афлек освои 1.000.000 долари во квизот „Милионер“: Се радуваше како дете!!
Холивудскиот актер Бен Афлек освои еден милион долари во специјално, хуманитарно издание на популарниот квиз. Со овој голем успех, Бен Афлек се приклучи на одбраната група славни личности кои успеаја да стигнат до самиот врв и да ја освојат
Svijet„Јас немам мајка, немам жена, немам деца – мојата мајка е Македонија“: Како Питу Гули ја прифати смртта со насмевка
Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската Република престануваат да бидат само празни пасуси во учебниците и оживуваат како динамично, провокативно и крајно потресно револуционерно сведоштво. Она што следува е приказна за идеали во кои смртта се прифаќа со насмевка, но и за длабоките надворешни и „внатрешни игри“ што ја одредија судбината на еден цел град, а потоа и на Македонија. Масовни подготовки и стратешка воена обука По Солунскиот конгрес на ТМОРО во јануари 1903 година, започнува забрзана подготовка на македонските печалбари и емигранти во Софија. Во центарот на ова раздвижување се издвојува Питу Гули со чета од 12–13 луѓе. Некрологот во весникот „Автономна Македонија“ ги пренесува неговите зборови: „Уште во ушите ми звучат зборовите: „збогум, ова може да е последно, јас одам онаму каде што ме вика долгот“, искажани од покојниот борец, војводата Пито Гули...“. Неговите активности…
SvijetАнгелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер -тракторите. - Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена вознемиреност кај граѓаните е пожарот на територија на Општина Струга. Конкретно, имавме два пожари на отворен простор - едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола. Очекувам набргу и тој да биде изгаснат. Во текот на денешниот ден немаше побарувања за ангажан на ер тракторите, изјави Ангелов. Во однос на состојбата со водата во Гостивар, Ангелов рече дека нема промени, односно водата сеуште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии. - Водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекуваме да биде прогласена за исправна. Хиперхлорирањето продолжува понатаму, рече Ангелов.
SvijetПронајдено телото на планинарот Нирмал Пурџа
Спасувачките екипи денеска го пронајдоа телото на познатиот британско планинар со непалско потекло, Нирмал Пурџа, кој загина во лавина на Брод Пик, врв висок 8.000 метри во северен Пакистан. Телото на познатиот планинар и уште тројца алпинисти се пронајдени на околу 5.700 метри надморска висина на Брод Пик. Десет планинари, предводени од 43-годишниот Пурџа, на 30 јули изгубија контакт со базниот камп поради лавина и загинаа. Спасувачката мисија беше отежната поради неповолните временски услови. Брод Пик со висина од 8.047 метри, е дванаесеттиот највисок врв во светот. Се наоѓа во пакистанскиот дел од планинскиот венец Каракорам, кој има 14 врвови повисоки од 8.000 метри и привлекува алпинисти од целиот свет. Планинарите на Брод Пик првпат се искачија во 1957 година. Пурџа, познат како Нимс Даи од април до октомври 2019 година, за шест месеци и шест дена, се искачи на 14 врвови високи над 8.000 метри со помош на боца со кислород. Неговиот рекорд беше соборен во 2023 година. Тој е првиот планинар, кој во рок од 48 часа ги искачи Монт Еверест, Лхоце и Макалу. Пурџа, заедно со девет непалски планинари во 2021 година успешно го завршија првото зимско искачување на К2. Пурџа важи за еден од најголемите планинари…
SvijetФилипче на „Слива“ говореше за гостиварската вода
Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Филипче и на ваков голем, најголем ден не смогна сили да ја избегне партизацијата и да ќари или поверојатно изгуби некој политички поен, па во говоранцијата ја спомена и гостиварската вода. „Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство - слободна, демократска и просперитетна“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
SvijetВо Хрватска е уапсен е градежен работник од Македонија, предизвикал голем пожар
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ, во близина на Дрниш, при палење хартиени вреќи од цемент по завршување на градежни работи, објавија хрватските медиуми. Според Полициската управа Шибенско-книнска, со криминалистичката истрага е утврдено дека мажот во четврток попладне, […]
Ангелов: Дваесетина пожари на отворен простор во текот на денот
Дваесетина помали пожари на отворен простор биле регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата… The post Ангелов: Дваесетина пожари на отворен простор во текот на денот appeared first on Fokus.mk.
SvijetГазирана или обична вода, што е подобро на жештиниве? ШТО Е ПАК НАЈДОБРО?
Високата горештина не ја чувствуваме како особено опасна првиот ден и навистина не гледаме голема разлика помеѓу 35 и 37 степени. Но, на третиот, четвртиот и петтиот ден, токму она што го носат долготрајните топлотни бранови, ситуацијата станува многу посериозна за луѓето“, вели д-р Филип Ѓерке, специјалист по неврологија. Главни симптоми на дехидратација Дехидратацијата не значи само чувство на жед. Таа може да предизвика тапи главоболки, вртоглавица, конфузија, послаба концентрација и повторување на истите прашања. Во потешки случаи, може да има проблеми со рамнотежата и нестабилноста при одење. – Кога луѓето почнуваат да ги забележуваат симптомите, телото е веќе дехидрирано. Тогаш повеќе не се потиме доволно, срцето почнува да чука побрзо, крвниот притисок паѓа, а урината станува поконцентрирана и потемна – објаснува д-р Ѓерке. Постарите луѓе се особено изложени загрозени, но дехидратацијата може да ги погоди и помладите. Зошто заморот се појавува дури по неколку дена? Многумина продолжуваат да работат со исто темпо во текот на топлотниот бран, иако телото веќе неколку денови се обидува да се прилагоди на високите температури. – Работиме со полна сила, а можеби сме веќе четврти или петти ден на големи горештини. Тогаш чувствуваме замор, што често го припишуваме на исцрпеноста,а всушност може да биде…
SvijetИЛИНДЕН ГИ ИЗВАДИ НА ВИДЕЛИНА „МАКИТЕ“ НА ОПОЗИЦИОНЕРИТЕ: Али тажи за рамковен, Апасиев за комунизмот, Венко за водата
И опозициските партии и политички лидери го одбележаа Илинден со пораки во кои, покрај историското значење на празникот, доминираа и актуелните политички теми – од суверенитетот на државата, преку меѓуетничките односи, водата, па се до европската интеграција. Од Левица порачаа дека АСНОМ претставувал „најголемата обврска преземена пред идните поколенија“ и оценија дека секоја генерација има историска одговорност да ја остави државата посилна отколку што ја наследила. Партијата обвини дека во изминатите три децении македонската политика „повеќе ја цеди државата отколку што ја гради“, дека просторот на суверенитетот се стеснува, а достоинството станува предмет на дневни политички преговори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во честитката оцени дека Охридскиот рамковен договор да ти бил некакво си наводно, современо продолжение на духот на Крушевскиот манифест, но предупреди дека денес да ти бил изложен на постојани обиди за поткопување. Тој како примери ги наведе, како што тврди, нападите врз службената употреба на албанскиот јазик, укинувањето на „балансерот“, слабеењето на механизмите за заштита од мајоризација, непочитувањето на резултатите од пописот, селективната правда и промовирањето моноетнички концепт на државата и ред други манипулации. Филипче и на ваков голем, најголем ден не смогна сили да ја избегне партизацијата и да ќари или поверојатно изгуби некој политички поен…
Со нож се повреди, па го нападна татка си – уапсен е 29 годишник од неготинско
МВР информира дека синоќа во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.А.(29)… The post Со нож се повреди, па го нападна татка си – уапсен е 29 годишник од неготинско appeared first on Fokus.mk.
SvijetХеликоптерски судар во Грција
За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција […] The post Хеликоптерски судар во Грција appeared first on Република.