„Јас немам мајка, немам жена, немам деца – мојата мајка е Македонија“: Како Питу Гули ја прифати смртта со насмевка

Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската Република престануваат да бидат само празни пасуси во учебниците и оживуваат како динамично, провокативно и крајно потресно револуционерно сведоштво. Она што следува е приказна за идеали во кои смртта се прифаќа со насмевка, но и за длабоките надворешни и „внатрешни игри“ што ја одредија судбината на еден цел град, а потоа и на Македонија. Масовни подготовки и стратешка воена обука По Солунскиот конгрес на ТМОРО во јануари 1903 година, започнува забрзана подготовка на македонските печалбари и емигранти во Софија. Во центарот на ова раздвижување се издвојува Питу Гули со чета од 12–13 луѓе. Некрологот во весникот „Автономна Македонија“ ги пренесува неговите зборови: „Уште во ушите ми звучат зборовите: „збогум, ова може да е последно, јас одам онаму каде што ме вика долгот“, искажани од покојниот борец, војводата Пито Гули...“. Неговите активности…
Povezane vijesti

Otac dviju učenica ubio napadača na njihovu školu u SAD-u

ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА ОД ЕУ СЕ ПОЈАВИ НА МИТИНГ ЗА ПОДДРШКА ЗА ВУЧИЌ, пораката ја објави на српски
