Филипче на „Слива“ говореше за гостиварската вода

Делегација на СДСМ предводена од претседателот, д-р Венко Филипче и пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, положија свежо цвеќе на споменикот Слива, кој е симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Филипче и на ваков голем, најголем ден не смогна сили да ја избегне партизацијата и да ќари или поверојатно изгуби некој политички поен, па во говоранцијата ја спомена и гостиварската вода. „Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство - слободна, демократска и просперитетна“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Povezane vijesti

Otac dviju učenica ubio napadača na njihovu školu u SAD-u

ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА ОД ЕУ СЕ ПОЈАВИ НА МИТИНГ ЗА ПОДДРШКА ЗА ВУЧИЌ, пораката ја објави на српски
