klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ИЛИНДЕН ГИ ИЗВАДИ НА ВИДЕЛИНА „МАКИТЕ“ НА ОПОЗИЦИОНЕРИТЕ: Али тажи за рамковен, Апасиев за комунизмот, Венко за водата

ИЛИНДЕН ГИ ИЗВАДИ НА ВИДЕЛИНА „МАКИТЕ“ НА ОПОЗИЦИОНЕРИТЕ: Али тажи за рамковен, Апасиев за комунизмот, Венко за водата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 14:23:46

И опозициските партии и политички лидери го одбележаа Илинден со пораки во кои, покрај историското значење на празникот, доминираа и актуелните политички теми – од суверенитетот на државата, преку меѓуетничките односи, водата, па се до европската интеграција. Од Левица порачаа дека АСНОМ претставувал „најголемата обврска преземена пред идните поколенија“ и оценија дека секоја генерација има историска одговорност да ја остави државата посилна отколку што ја наследила. Партијата обвини дека во изминатите три децении македонската политика „повеќе ја цеди државата отколку што ја гради“, дека просторот на суверенитетот се стеснува, а достоинството станува предмет на дневни политички преговори. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во честитката оцени дека Охридскиот рамковен договор да ти бил некакво си наводно, современо продолжение на духот на Крушевскиот манифест, но предупреди дека денес да ти бил изложен на постојани обиди за поткопување. Тој како примери ги наведе, како што тврди, нападите врз службената употреба на албанскиот јазик, укинувањето на „балансерот“, слабеењето на механизмите за заштита од мајоризација, непочитувањето на резултатите од пописот, селективната правда и промовирањето моноетнички концепт на државата и ред други манипулации. Филипче и на ваков голем, најголем ден не смогна сили да ја избегне партизацијата и да ќари или поверојатно изгуби некој политички поен…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti