Svijet5531 vijesti
SvijetНа 12 август целосно помрачување на Сонцето
Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија. Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави – од Аљаска до Северна Каролина, поголемиот дел од Канада, поголемиот дел од Европа и земјите од северозападна Африка, соопшти Американската агенција за аеронаутика и вселена (НАСА). Од многу земји долж западниот дел од патеката на помрачувањето, во континентална Европа и Африка, Сонцето ќе зајде додека е сè уште делумно помрачено, што ќе изгледа како Сонцето да исчезнува од хоризонтот за време на помрачувањето. НАСА најави дека ќе го пренесува целосното помрачување на Сонцето во живо на 12 август, на https://www.nasa.gov/live.
SvijetЗеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел од важните кадровски одлуки во вооружените сили на Украина се веќе подготвени и најави продолжување на промените во воениот врв, соопштено е по состанокот со највисоките воени функционери. – Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за кадровските предлози. Главниот командант на Вооружените сили, Михаило Драпатиј, во соработка со […]
SvijetТрамп изјави дека ќе бара компензација од Иран за конфликтот како дел од идните мировни преговори
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе бара компензација од Иран за конфликтот на Блискиот Исток како дел од евентуалните идни преговори за мир. Трамп како причина за оваа своја одлука ги наведе насилството и нападите, поддржани и извршувани од Иран во текот на децении. Иран „бара компензација за штетите што ги претрпеле во последните пет месеци воен конфликт … Јас исто така барам компензација од Иран за сите луѓе кои ги убија или тешко ги ранија со бомбите што ги поставуваат покрај патиштата, и во многу конфликти“, истакна американскиот претседател.
SvijetФранција е погодена од екстремна суша: забрането е да се полнат базени, да се перат возила…
Француската влада денеска објави дека поради сè посилната суша и последователните топлотни бранови, вовела ограничувања на потрошувачката на вода во речиси 70 проценти од територијата. Серијата екстремни горештини во последните три месеци, проследени со суша, резултираа со рекордни температури, зголемена смртност и големи шумски пожари, пишува „Еуроњуз“. „Франција минува низ исклучително силна суша, а последиците … Франција е погодена од екстремна суша: забрането е да се полнат базени, да се перат возила… Read More » The post Франција е погодена од екстремна суша: забрането е да се полнат базени, да се перат возила… appeared first on Слободен печат.
SvijetРусија забрани опозициската Јаблоко да биде на гласачкото ливче
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата на федералната кандидатска листа на Јаблоко, со што единствената партија што се спротивставува на војната против Украина е отстранета од гласачкото ливче за парламентарните избори од 18 до 20 септември. Ниту една партија не беше отстранета од изборите за Думата од 1999 година., објавија руските медиуми. Одлуката значи […]
SvijetИран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина
Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина и во моментов разгледуваат одредени технички прашања, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Техеран истовремено порача дека преминот низ овој стратешки пловен пат ќе биде овозможен под услови што ги поставува Иран. Багеи преговорите меѓу Иран и Оман ги оцени како конструктивни и позитивни, наведувајќи дека нивната цел е утврдување на насоката на пловидба низ Ормуската Теснина. Тој оцени дека јужниот правец на пловидба низ протокот е „незаконски и небезбеден“ и дека е во спротивност со меморандумот за разбирање што Иран и САД го потпишаа во јуни. Според него, прашањето за отстранување на мините ги засега Иран и Оман како две држави кои излегуваат на Ормуската Теснина. Багеи рече дека отворањето на протокот е поврзано со исполнувањето на условите на Техеран, наведувајќи дека Иран овозможува премин сè додека трае војната. Тој додаде дека во оваа фаза не се разговара за воведување надоместоци за бродовите што минуваат низ Ормуската Теснина, но наведе дека ќе бидат воспоставени механизми за надзор на пловидбата и обезбедување услуги на тој витален пловен пат. - Природно е за тоа да се наплаќаат надоместоци – рече Багеи. Тој исто така истакна дека…
SvijetПо 60. година не е важно колку деца и внуци имате — 7 работи се клучни кога животот ќе ве притисне
Со години веруваме дека нашата среќа во староста ќе зависи од бројот на луѓе со кои сме окружени, децата, внуците, пријателите, телефонските повици и посетите. Секако, саканите луѓе се непроценливи, но со текот на времето станува јасно дека дури ни најблиските не можат да го живеат нашиот живот наместо нас. По 60-тата година многумина почнуваат … По 60. година не е важно колку деца и внуци имате — 7 работи се клучни кога животот ќе ве притисне Read More » The post По 60. година не е важно колку деца и внуци имате — 7 работи се клучни кога животот ќе ве притисне appeared first on Слободен печат.
SvijetЗеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел од важните кадровски одлуки во вооружените сили на Украина се веќе подготвени и најави продолжување на промените во воениот врв, соопштено е по состанокот со највисоките воени функционери. - Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за кадровските предлози. Главниот командант на Вооружените сили, Михаило Драпатиј, во соработка со (началникот на Генералштабот) Ихор Скибјук и (вршителот на должноста министер за одбрана) Јевхениј Хмара, изнесе визија за промените. Дел од одлуките се веќе подготвени, а ќе има и други – рече Зеленски. Тој информира дека со воените функционери разговарал за ситуацијата на фронтот и за мерките за зајакнување на клучните правци, посебно во Доњецката област. - Благодарен сум им на сите единици кои постигнуваат значајни резултати во одбраната на нашите позиции и одбраната од окупаторите во подрачјата на Словјанск, Константиновка и Добропоље – рече Зеленски. Според него, на состанокот станало збор и за спроведувањето на планот за далекусежни санкции против Русија. Важна тема на состанокот била и противвоздушната одбрана, како и потребите за заштита на градовите и заедниците во близина на фронтот и долж границата, регионалните центри и главниот град Киев. Украинскиот претседател претходно изјави дека новото воено раководство подготвува модернизација на Вооружените сили на…
SvijetБројот на жртви во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви
Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку 82 лица загинале. Во обраќањето до нацијата, претседателот рече дека најмалку 87 лица се повредени, а 61 зграда се урнала, вклучувајќи 37 станбени згради. „Владата ги мобилизираше сите расположиви ресурси за да ги заштити животите, […]
SvijetНиколоски: Градежните работи за градски воз се во финална фаза, до 21 август треба да биде извршен технички прием на првата делница
Во наредните денови ќе дефинираме возен ред, а на 21 август првата делница од проектот "Градски воз" треба да добие и технички прием. Целта е што повеќе ученици да го користат градскиот воз и да им се олесни секојдневното патување до училиште, истакна во вечерашното гостување во "Тема на денот", заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека во градскиот воз ќе бидат ставени најновите железнички гарнитури со кои располага државата – две електрични и една дизел гарнитура. -Веќе утре имаме координација помеѓу Министерството за транспорт, Железници инфраструктура, Железници транспорт, Град Скопје и ЈСП. Една од точките се и возните редови, затоа што сакаме да ги усогласиме со ЈСП. Нашата основна цел ќе биде тие да одговараат на учениците, пред сè на средношколците, затоа што сум убеден дека многу средношколци ќе го користат градскиот воз, особено поради тоа што околу железничката станица има неколку средни училишта, рече Николоски. Тој информираше дека градежните работи се во финална фаза и дека до 21 август треба да биде извршен техничкиот прием на првата делница од градскиот воз. -Она што ми е особено драго е дека градежните работи се веќе во финална фаза, до 21 август треба да има…
SvijetВИДЕО | Расте бројот на жртви во разорниот земјотрес во Колумбија: претседателот потврди 111 загинати
Силниот земјотрес што денеска ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку 82 луѓе загинале, објави „Њујорк тајмс“. „Земјотресот ги потресе големите градови, вклучувајќи ги Богота, Кали и Меделин. Најмалку 111 луѓе загинаа, а бројот на жртви веројатно ќе се зголеми бидејќи спасувачите ги пребаруваат оштетените … ВИДЕО | Расте бројот на жртви во разорниот земјотрес во Колумбија: претседателот потврди 111 загинати Read More » The post ВИДЕО | Расте бројот на жртви во разорниот земјотрес во Колумбија: претседателот потврди 111 загинати appeared first on Слободен печат.
SvijetНиколоски: Македонија доби 149,2 милиони евра грант за Коридорот 8, најголем грант досега, со тоа целосно обезбедено финансирањето на третата фаза од пругата со Бугарија
Македонија обезбеди 149,2 милиони евра грант за изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е најголемиот грант што државата досега го добила. Покрај грантот, обезбедени се и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што целосно е затворена финансиската конструкција за изградбата на третата делница од пругата кон Бугарија. Николоски вечерва во гостувањето во „Тема на денот“ истакна дека грантот од 149,2 милиони евра претставува околу 30 проценти од вкупните средства потребни за реализација на проектот. -Во однос на источното крило на Коридорот 8, целосно е затворено финансирањето на градбата. Имаме 149,2 милиони евра грант, што е најголем грант што државата било кога го добила, или околу 30-тина проценти од вкупната сума која што е потребна. Имаме 350 милиони евра меки кредити, по 175 милиони евра од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, истакна Николоски. Тој нагласи дека за само две години, проектот од состојбa да завршува на пола тунел, во услови на политички тензии со Бугарија, стигнал до фаза во која има обезбедено финансирање, потпишан договор со Бугарија и јасна заложба за…