Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина

Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина и во моментов разгледуваат одредени технички прашања, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Техеран истовремено порача дека преминот низ овој стратешки пловен пат ќе биде овозможен под услови што ги поставува Иран. Багеи преговорите меѓу Иран и Оман ги оцени како конструктивни и позитивни, наведувајќи дека нивната цел е утврдување на насоката на пловидба низ Ормуската Теснина. Тој оцени дека јужниот правец на пловидба низ протокот е „незаконски и небезбеден“ и дека е во спротивност со меморандумот за разбирање што Иран и САД го потпишаа во јуни. Според него, прашањето за отстранување на мините ги засега Иран и Оман како две држави кои излегуваат на Ормуската Теснина. Багеи рече дека отворањето на протокот е поврзано со исполнувањето на условите на Техеран, наведувајќи дека Иран овозможува премин сè додека трае војната. Тој додаде дека во оваа фаза не се разговара за воведување надоместоци за бродовите што минуваат низ Ормуската Теснина, но наведе дека ќе бидат воспоставени механизми за надзор на пловидбата и обезбедување услуги на тој витален пловен пат. - Природно е за тоа да се наплаќаат надоместоци – рече Багеи. Тој исто така истакна дека…


