Николоски: Македонија доби 149,2 милиони евра грант за Коридорот 8, најголем грант досега, со тоа целосно обезбедено финансирањето на третата фаза од пругата со Бугарија

Македонија обезбеди 149,2 милиони евра грант за изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е најголемиот грант што државата досега го добила. Покрај грантот, обезбедени се и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што целосно е затворена финансиската конструкција за изградбата на третата делница од пругата кон Бугарија. Николоски вечерва во гостувањето во „Тема на денот“ истакна дека грантот од 149,2 милиони евра претставува околу 30 проценти од вкупните средства потребни за реализација на проектот. -Во однос на источното крило на Коридорот 8, целосно е затворено финансирањето на градбата. Имаме 149,2 милиони евра грант, што е најголем грант што државата било кога го добила, или околу 30-тина проценти од вкупната сума која што е потребна. Имаме 350 милиони евра меки кредити, по 175 милиони евра од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, истакна Николоски. Тој нагласи дека за само две години, проектот од состојбa да завршува на пола тунел, во услови на политички тензии со Бугарија, стигнал до фаза во која има обезбедено финансирање, потпишан договор со Бугарија и јасна заложба за…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
