klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Николоски: Градежните работи за градски воз се во финална фаза, до 21 август треба да биде извршен технички прием на првата делница

Николоски: Градежните работи за градски воз се во финална фаза, до 21 август треба да биде извршен технички прием на првата делница
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 20:14:06

Во наредните денови ќе дефинираме возен ред, а на 21 август првата делница од проектот "Градски воз" треба да добие и технички прием. Целта е што повеќе ученици да го користат градскиот воз и да им се олесни секојдневното патување до училиште, истакна во вечерашното гостување во "Тема на денот", заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој посочи дека во градскиот воз ќе бидат ставени најновите железнички гарнитури со кои располага државата – две електрични и една дизел гарнитура. -Веќе утре имаме координација помеѓу Министерството за транспорт, Железници инфраструктура, Железници транспорт, Град Скопје и ЈСП. Една од точките се и возните редови, затоа што сакаме да ги усогласиме со ЈСП. Нашата основна цел ќе биде тие да одговараат на учениците, пред сè на средношколците, затоа што сум убеден дека многу средношколци ќе го користат градскиот воз, особено поради тоа што околу железничката станица има неколку средни училишта, рече Николоски. Тој информираше дека градежните работи се во финална фаза и дека до 21 август треба да биде извршен техничкиот прием на првата делница од градскиот воз. -Она што ми е особено драго е дека градежните работи се веќе во финална фаза, до 21 август треба да има…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti