klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·10. 08. 2026. 20:20:51

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел од важните кадровски одлуки во вооружените сили на Украина се веќе подготвени и најави продолжување на промените во воениот врв, соопштено е по состанокот со највисоките воени функционери. - Денеска решивме важни воени прашања. Разговаравме за кадровските предлози. Главниот командант на Вооружените сили, Михаило Драпатиј, во соработка со (началникот на Генералштабот) Ихор Скибјук и (вршителот на должноста министер за одбрана) Јевхениј Хмара, изнесе визија за промените. Дел од одлуките се веќе подготвени, а ќе има и други – рече Зеленски. Тој информира дека со воените функционери разговарал за ситуацијата на фронтот и за мерките за зајакнување на клучните правци, посебно во Доњецката област. - Благодарен сум им на сите единици кои постигнуваат значајни резултати во одбраната на нашите позиции и одбраната од окупаторите во подрачјата на Словјанск, Константиновка и Добропоље – рече Зеленски. Според него, на состанокот станало збор и за спроведувањето на планот за далекусежни санкции против Русија. Важна тема на состанокот била и противвоздушната одбрана, како и потребите за заштита на градовите и заедниците во близина на фронтот и долж границата, регионалните центри и главниот град Киев. Украинскиот претседател претходно изјави дека новото воено раководство подготвува модернизација на Вооружените сили на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti