Sport2523 vijesti
SportМакедонските ракометни младинци го добија и вториот тест со Саудиска Арабија
По убедливиот триумф од 35-26 на првиот контролен натпревар, избраниците на Игор Илиевски денес повторно беа подобри од истиот противник, овојпат со 22-21. За разлика од вчерашниот дуел, денешниот беше далеку понеизвесен, но младите македонски ракометари повторно покажаа карактер и стигнаа до нова победа, продолжувајќи ја успешната серија пред почетокот на Европското првенство. The post Македонските ракометни младинци го добија и вториот тест со Саудиска Арабија appeared first on МКД.МК.
SportАвстрија и Алжир пред дилема – дали ремито е најдобриот резултат за двете селекции?
Една од најинтересните ситуации во завршницата на групната фаза на Светското првенство се случува во групата Ј, каде се наоѓаат Аргентина, Австрија, Алжир и Јордан. Аргентина веќе обезбеди пласман во нокаут-фазата како првопласирана, Јордан ги загуби шансите за продолжување на турнирот, а најголемото внимание сега е насочено кон дуелот меѓу Австрија и Алжир, кои се борат за второто место. [kurir_wc_match_group_box fixture_id="1489418"] И двете селекции имаат можност да продолжат во елиминациската фаза, но распоредот во нокаут-рундата донесе необичен парадокс. Второпласираната репрезентација од групата речиси сигурно ќе се соочи со Шпанија во шеснаесетфиналето, додека третопласираната, доколку се најде меѓу осумте најдобри третопласирани селекции, би можела да добие значително полесен противник. Дополнително, нерешениот резултат би можел да им одговара на двете репрезентации. Во тој случај и Австрија и Алжир би имале реални шанси да се пласираат во нокаут-фазата, додека победата на која било од нив би можела да ја доведе во прашање судбината на поразениот. Токму затоа вниманието на јавноста ќе биде насочено и кон овој натпревар, со цел да се избегнат евентуални калкулации на теренот. Аргентина, пак, нема причина за никакви пресметки. „Гаучосите“ ја завршија работата уште пред последното коло, а селекторот Лионел Скалони размислува единствено како што посвеж тим да ја…
SportЈа победија Србија, па испишаа историја на Мундијалот: „Ништо не е невозможно“
Селекторот на фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови, Педро Бубиста, изјави дека е горд на сè што направила неговата екипа по историскиот пласман во шеснаесетфиналето на Светското првенство 2026. Зеленортските Острови, кои пред Мундијалот во пријателски натпревар убедливо ја совладаа Србија со 3:0, продолжија со одличните игри и на најголемата сцена. Во Хјустон одиграа 0:0 против Саудиска Арабија, го обезбедија второто место во групата Х и за првпат во својата историја се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство. [kurir_wc_match_group_box fixture_id="1489413"] Дебитантот на Мундијалот стана и најмалата држава во историјата на Светските првенства која успеала да ја помине групната фаза. „Горд сум на сè што постигнавме. Мора да бидеме задоволни, ја завршивме групната фаза без пораз. Ни недостасуваше еден гол во последниот и тежок натпревар за да бидеме уште поуспешни, но и вака сме пресреќни. Го претставуваме нашиот остров, но ја претставуваме и Африка. Тоа е извор на огромна гордост“, изјави Бубиста. Тој истакна дека една од целите на неговата репрезентација била да покаже дека и во малите држави се игра квалитетен фудбал. „Ова покажува дека дури и најмалите држави можат да докажат дека ништо не е невозможно кога имате сила, решителност, фокус, волја и отпорност. Ние сме мала држава, но се…
SportХрватска пред елиминација – пораз од Гана може да значи крај на Мундијалот
Надежите дека на Хрватска и минимален пораз од Гана во саботниот натпревар во Филаделфија би можел да ѝ биде доволен за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство сега се сведени на минимум. Хрватите имаат три бода и се трети во групата Л, зад Гана и Англија. Во сабота од 23 часот по македонско време Хрватска ќе игра против Гана, додека Англија ќе се соочи со Панама. Со трите освоени бода и гол-разликата 3:5 изгледаше дека имаат добри шанси за пласман, но доколку загубат од Гана, дури и со минимални 1:0, сценариото за елиминација станува сосема реално. Резултатите од претходната вечер дополнително ја искомплицираа ситуацијата, бидејќи речиси сè што можеше да оди на штета на Хрватска – се случи. [kurir_wc_best_third] Посебен удар дојде од групата Г, каде Иран ја заврши групната фаза како третопласиран со три ремија. Иранците имаат три бода и гол-разлика 3:3, па во случај на пораз на Хрватска би биле пред „коцкестите“ на табелата на третопласираните селекции. Во моментов пред Хрватска меѓу третопласираните репрезентации се Шведска, Еквадор, Босна и Херцеговина, Парагвај, Сенегал и Иран, а пред неа би била и Јужна Кореја со гол-разлика 2:3. Доколку Хрватска загуби од Гана со 1:0, ќе остане на три бода со…
SportФОТО: Иранците оставија порака во соблекувалната – „Една работа да знаете за нас, илјадници години се држиме до тоа“
По натпреварот против Египет и болното реми (1:1), Иранците оставија писмена порака во соблекувалната во Сиетл. Додека тагуваа поради поништениот гол за победа во 90+3 минути, а потоа и поради ударот во пречката, Иранците напишаа неколку реченици за себе на таблата. „Доаѓаме од Иран. Од земја каде што илјадници години честа беше поважна од победата. За нас, фудбалот не е само натпревар за резултати, туку е тест за карактер.“ „Бодовите може да се освојат на многу начини, но почитта не може. Можеби ќе ја поминеме групата, но само преку фер-плеј и чест, може да стоиме исправено пред историјата. Фер-плејот не е само писмена наредба во фудбалските правила. Тоа е суштината на оваа игра.“ Iran have left another handwritten note in their dressing room after the Egypt game in Seattle pic.twitter.com/pDag35oYXt — James Ducker (@TelegraphDucker) June 27, 2026 „Ви благодариме Сиетл за вашето гостопримство и благодариме на сите Иранци кои ги дадоа своите срца, своите гласови и целото свое битие за Иран. Иран секогаш ќе стои исправено!“, пишува во порака. Пораката ги содржеше и знаците #168 и #Minab, што алудира на бројот на загинати, претежно деца, во нападот на американските сили врз Минаб за време на војната меѓу двете земји претходно…
SportАлфредо Ди Стефано – фудбалската елеганција и грациозност на Плавата стрела (saeta rubia)
Денес нешто поконретно за убавината на аргентинскиот фудбал. Во растег од пеесетина години(1920 – 1978) Аргентина беше супер-сила во светскиот фудбал, ама ниту една светска или пак олимписка круна. А дури 12 пати го освојуваше јужноамериканското првенството, многу повеќе и од Уругвај(двократен светски првак, и од Бразил(трократен светски првак). За цело време имаа безброј фудбалски ѕвезди. Од Монти, Орси, Морено, Педернер, Сивори, Ди стефано, Кемпес и др. Од кој формат биле овие играчи најдобро кажува самиот Ди Стефано(најдобар од најдобрите) дека тој и неговата генерација учеле од Морено и Педернер, за кој вели дека биле класа на класите. Тоа било боемски фудбал, високо умеење, индивидуален дух, инстинкт, забава, голови, победи. Сета таа фудбалска убавина докажала од сиромашните квартови на Буенос Аирес, Розарио, Ла Плата. Инаку, “златната жица“ на светските певенства за Аргентина почна во 1978г. со Меноти и Кемпес, продолжи 1986г. со неповторливиот Марадона, а траеше до 2022г. со Меси. Ништо не се знае и ништо не е сигурно, можеби годинава Меси и “гаучосите“ ќе и се израдуваат и на новата фудбалска круна. Во понатамошниор текст ќе пишувам за славниот аргентинец, шпанскиот граѓанин, државјанинот на светот и капетанот на светскиот фудбал до седумдесетите години на минатиот век. Погодувате, тоа е…
SportАвстралија до крајот на Мундијалот без двајца стартери
Австралија се пласираше во 1/16-финалето на СП, но таму ќе биде без двајца играчи од првиот тим. И Џејкоб Италијано и Метју Леки се надвор од теренот поради повреди, објави Фудбалската федерација на Австралија. „Им посакуваме на Џејко
SportИран сè уште може во нокаут-фазата – три сценарија го носат меѓу најдобрите 32
Иран пропушти голема можност директно да обезбеди пласман во нокаут-фазата на Светското првенство. Ремито против Египет (1:1) во Сиетл остави горчлив вкус, особено поради голот на Мехди Тареми кој беше поништен длабоко во судиското продолжение. Доколку погодокот беше признаен, Иранците веќе ќе го славеа пласманот во следната рунда. Вака, Иран ја заврши групната фаза со три освоени бода и сега ќе мора да го чека расплетот во останатите групи за да дознае дали ќе се најде меѓу осумте најдобри третопласирани селекции кои продолжуваат во нокаут-фазата. Ситуацијата не е безнадежна, но повеќе ништо не зависи од Иран. Потребно е да се исполни барем едно од неколкуте сценарија во преостанатите натпревари од групната фаза. Што му е потребно на Иран за пласман? Иран ќе обезбеди место во нокаут-фазата доколку се исполни барем едно од следните сценарија: Хрватска да загуби од Гана. ДР Конго да не го победи Узбекистан. Натпреварот меѓу Австрија и Алжир да не заврши нерешено. Во овој момент Иран има подобра гол-разлика од дел од конкурентите меѓу третопласираните селекции, па доволен е само еден поволен резултат за да остане меѓу осумте најдобри третопласирани репрезентации. Поради тоа, вниманието во Техеран и низ целата земја сега ќе биде насочено кон натпреварите во…
SportТашовски: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата. Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и […] The post Ташовски: Македонија оди на две победи против Ирска и Луксембург appeared first on МКД.МК.
SportМеси останува на клупата – Аргентина без својот капитен од првата минута против Јордан
Лионел Меси нема да биде во стартниот состав на Аргентина за натпреварот од последното коло од групната фаза на Светското првенство против Јордан. Селекторот Лионел Скалони одлучи да го одмори капитенот и најголемата ѕвезда на репрезентацијата пред почетокот на нокаут-фазата, потврдувајќи дека Меси натпреварот ќе го започне на клупата, но ќе добие шанса во второто полувреме. Актуелниот светски шампион веќе го обезбеди првото место во групата Ј, па дуелот со Јордан нема резултатско значење во борбата за пласман. Токму поради тоа Скалони реши да ги зачува носителите на играта за елиминациската фаза, која започнува веќе в недела. „Лео ќе биде на клупата. Ќе почекам уште малку со објавувањето на конечниот стартен состав, но сигурно ќе влезе во игра подоцна“, изјави аргентинскиот селектор. Покрај Меси, се очекува од првата минута шанса да добијат и фудбалери кои досега имаа помала минутажа на турнирот, додека стандардните првотимци ќе бидат поштедени пред многу поважните предизвици што следуваат. Според аргентинските медиуми, Скалони во нападот ќе се потпре на тандемот Хулијан Алварез – Лаутаро Мартинез, кои за првпат на овој Мундијал ќе започнат заедно во стартниот состав. Со оглед на тоа што Меси ќе остане на клупата, аргентинскиот селектор ќе се одлучи за формација со двајца…
SportПознати се девет двојки од нокаут фазата на Светското првенство 2026
Аргентина во нокаут фазата на Мундијалот 2026 ќе се сретне со селекцијата на Зеленортските Острови, едно од… The post Познати се девет двојки од нокаут фазата на Светското првенство 2026 appeared first on Fokus.mk.
SportФОТО: Се ожени Столе Димитриевски, голема веселба со сите обичаи во Скопје
Македонската фудбалска „единица“ Столе Димитриевски ја круниса својата долгогодишна љубов со сопругата Ирина Јанкуловска со голема свадбена веселба во Скопје. По еден од најважните периоди во професионалната кариера, голманот на македонската репрезентација го искористи заслужениот одмор по завршувањето на успешната сезона за да го прослави најубавиот ден во приватниот живот. Mеѓу најблиските пријатели кои беа дел од веселбата беше и голманот Дамјан Шишковски. Свадбениот ден започна во домот на семејството Димитриевски, каде во славеничка и весела атмосфера беа испочитувани традиционалните македонски обичаи. Главната свеченост и забавата се преселија во Скопје, каде покрај семејството присуствуваа голем број звучни имиња од македонскиот фудбал, репрезентативни колеги, спортски работници и пријатели на парот од јавниот живот. Крунисување на романсата од Шпанија Столе и Ирина веќе подолго време заедно ја градат својата животна приказна на Пиринејскиот Полуостров. Голманот ја запроси својата сакана во текот на изминатата година, а по склучувањето на граѓанскиот брак во тесен круг во Шпанија, парот реши да направи голема прослава за сите пријатели во родната Македонија. Свадбената прослава доаѓа во исклучително позитивен момент за Димитриевски на професионален план. Тој неодамна ја зацврсти својата позиција во шпанскиот прволигаш Валенсија, каде што и официјално го продолжи својот договор до 2028 година.