klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Хрватска пред елиминација – пораз од Гана може да значи крај на Мундијалот

Хрватска пред елиминација – пораз од Гана може да значи крај на Мундијалот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·27. 06. 2026. 11:26:57

Надежите дека на Хрватска и минимален пораз од Гана во саботниот натпревар во Филаделфија би можел да ѝ биде доволен за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство сега се сведени на минимум. Хрватите имаат три бода и се трети во групата Л, зад Гана и Англија. Во сабота од 23 часот по македонско време Хрватска ќе игра против Гана, додека Англија ќе се соочи со Панама. Со трите освоени бода и гол-разликата 3:5 изгледаше дека имаат добри шанси за пласман, но доколку загубат од Гана, дури и со минимални 1:0, сценариото за елиминација станува сосема реално. Резултатите од претходната вечер дополнително ја искомплицираа ситуацијата, бидејќи речиси сè што можеше да оди на штета на Хрватска – се случи. [kurir_wc_best_third] Посебен удар дојде од групата Г, каде Иран ја заврши групната фаза како третопласиран со три ремија. Иранците имаат три бода и гол-разлика 3:3, па во случај на пораз на Хрватска би биле пред „коцкестите“ на табелата на третопласираните селекции. Во моментов пред Хрватска меѓу третопласираните репрезентации се Шведска, Еквадор, Босна и Херцеговина, Парагвај, Сенегал и Иран, а пред неа би била и Јужна Кореја со гол-разлика 2:3. Доколку Хрватска загуби од Гана со 1:0, ќе остане на три бода со…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti