Меси останува на клупата – Аргентина без својот капитен од првата минута против Јордан

Лионел Меси нема да биде во стартниот состав на Аргентина за натпреварот од последното коло од групната фаза на Светското првенство против Јордан. Селекторот Лионел Скалони одлучи да го одмори капитенот и најголемата ѕвезда на репрезентацијата пред почетокот на нокаут-фазата, потврдувајќи дека Меси натпреварот ќе го започне на клупата, но ќе добие шанса во второто полувреме. Актуелниот светски шампион веќе го обезбеди првото место во групата Ј, па дуелот со Јордан нема резултатско значење во борбата за пласман. Токму поради тоа Скалони реши да ги зачува носителите на играта за елиминациската фаза, која започнува веќе в недела. „Лео ќе биде на клупата. Ќе почекам уште малку со објавувањето на конечниот стартен состав, но сигурно ќе влезе во игра подоцна“, изјави аргентинскиот селектор. Покрај Меси, се очекува од првата минута шанса да добијат и фудбалери кои досега имаа помала минутажа на турнирот, додека стандардните првотимци ќе бидат поштедени пред многу поважните предизвици што следуваат. Според аргентинските медиуми, Скалони во нападот ќе се потпре на тандемот Хулијан Алварез – Лаутаро Мартинез, кои за првпат на овој Мундијал ќе започнат заедно во стартниот состав. Со оглед на тоа што Меси ќе остане на клупата, аргентинскиот селектор ќе се одлучи за формација со двајца…


