Sjeverna Makedonija11637 vijesti
Društvo„Рибникар“ во Тајланд: Деветтоодделенец уби најмалку шест лица, други се борат за живот
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека […] The post „Рибникар“ во Тајланд: Деветтоодделенец уби најмалку шест лица, други се борат за живот appeared first on Република.
SvijetПродолжува топлотниот бран во земјава
Топлотниот бран во земјава продолжува и во наредните денови. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и... Текстот Продолжува топлотниот бран во земјава е превземен од А1он.
SvijetДенес се празнува Света Ана
Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ѝ се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. ТропарБогомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата […]
SvijetСончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната […] The post Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи appeared first on Република.
SvijetСтрелецот да биде пољубезен кон најблиските, Овенот ќе добие пари
ОВЕН Денеска е одлично време да се зафатите со вашите лични финансии или со некое парично прашање што влијае на членовите на семејството. Некои од вас може да добијат пари што ќе имаат позитивно влијание врз семејниот буџет. Добро планирајте ги вашите трошоци и водете се од вашите планови за блиска иднина. БИК Денеска играјте на сигурно и не експериментирајте непотребно. Ќе се стремите кон повеќе мир и удобност, а овој ваш став ќе ги води и вашите одлуки на работното место и трошоците што ги правите. Одличен ден е да се погрижите за вашиот изглед и да се разгалите себеси на некој начин. БЛИЗНАЦИ Доколку работите не одат според вашите очекувања денеска, тоа ќе ве обесхрабри или растажи. Вашите желби се силни и навистина можете да постигнете што сакате, но за да го направите тоа, насочете ја оваа енергија кон активности што се под ваша контрола. Напорите да ги промените другите ќе наидат на ѕврсти пречки. РАК Денешниот е одличен ден за пријатни разговори со пријатели и за општествени контакти. Некои од вас ќе бидат возбудени за прашање поврзано со домашните или семејните односи. Чувствувате грижа за вашите најблиски и пријателите, можеби ќе уживате во потопли односи со нив…
SvijetНајмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
Најмалку две лица беа убиени и 13 беа ранети при експлозија на минибус во предградие на Дамаск, пренесе сириската државна новинска агенција Сана. Претставници на Министерството за здравство изјавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и оти блиските болници и службите за итна медицинска помош се во зголемена подготвеност. Претставник на службите за безбедност за државната телевизија „Ехбарија“ изјави дека според првичните информации, експлозијата била предизвикана од експлозивна направа поставена во минибусот. Во предградието Џарамана живеат претежно припадници на малцинството Друзи. Фракции на Друзите повеќе пати влегуваа во вооружени судири со армијата на новото исламистичко државно раководство на Сирија. Според извештај на ОН објавен во март, во јужната провинција Суејда од јули 2025 година биле убиени над 1.700 луѓе, претежно Друзи цивили и одреден број претставници на бедуинската заедница. Во извештајот исто така се наведува дека силите на сириската влада, борци од локалните племенски заедници и вооружени формации на Друзите можеби извршиле воени злосторства.
SvijetНајмалку двајца мртви во пукотница во училиште во Тајланд
Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште соопштија дека е мртов. На местото на настанот се распоредени голем број полицајци, спасувачки и медицински екипи, додека учениците, наставниците и останатиот персонал биле евакуирани од училиштето. Според медиумските извештаи, во инцидентот се повредени дваесеттина лица, од кои некои се во критична состојба. Засега нема официјална потврда за бројот на загинати и повредени.
SvijetМетео: Можност за краткотраен пороен дожд попладне
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен […]
SportАргентина прогласи државен празник по победата над Англија на СП 2026!
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN Иако Аргентина не успеа да ја одбрани титулата светски првак, беше поразена од Шпанија во финалето, сепак во таа земја се нагласува дека оваа селекција имала успешен настап. Посебно по победата над Анг
SvijetДенес ја прославуваме Света Ана
Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ? се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Тропар Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е живеалиштето на оние што се веселат, радувајќи се во слава, и просејќи очистување на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена. Кондак Го празнуваме споменот на Христовите прародители, верно барајќи помош од нив, да се избавиме од секаква неволја сите ние кои повикуваме: Со нас е нашиот Бог, Кој ги прослави, како што благоволи. Света Олимпијада, ѓакониса Родена е во Цариград од мошне прочуени родители. Татко ? , Анисиј Секунд, беше сенатор, а мајка ? му беше ќерка на оној славен големец Евлавиј, којшто се спомнува во житието на Св. Николај чудотворец. Кога порасна Олимпијада беше свршена за некој големец, којшто умре пред венчавката со оваа чесна девица. Залудно и царот и останатите роднини ја советуваа да се омажи за друг, таа не…
SvijetСАД воведоа санкции против кубански воени функционери и компании
САД воведоа санкции против кубански правни субјекти и лица кои, според Вашингтон, и помагаат на Куба да обезбедува оружје и да одржува воени односи со странски држави. Американскиот Стејт департмент соопшти дека санкциите се насочени кон пет правни и осум физички лица за кои е посочено дека „ги олеснуваат воените односи на Хавана и испораките на оружје до кубанскиот режим“. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја обвини кубанската влада дека шпионира против САД, а Куба дека служи како „отскочна штица за Русија, Кина и Иран“ за операции насочени против Вашингтон. „Како што рече претседателот Доналд Трамп, САД нема да толерираат непријателска држава која на нивниот праг овозможува воени, разузнавачки и терористички операции“, напиша Рубио на мрежата „Икс“. Меѓу санкционираните се министерот во кубанското Министерство за револуционерни вооружени сили, Алваро Лопес Мијера, началникот на Генералштабот на армијата, Роберто Легра Сотолонго, како и воените аташеа на Куба во Русија и Кина. Рубио предупреди дека санкции може да им бидат воведени и на сите кои ги поддржуваат санкционираните лица и субјекти или им обезбедуваат услуги. Тој ги повика странските банки и компании што соработуваат со нив или чуваат средства за нив веднаш да ги прекинат таквите активности. Односите меѓу САД и Куба се…
SvijetДелови од Гази Баба и Бутел без електрична енергија
Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, општини Бутел и Гази Баба.