Денес ја прославуваме Света Ана

Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ? се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост. Тропар Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е живеалиштето на оние што се веселат, радувајќи се во слава, и просејќи очистување на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена. Кондак Го празнуваме споменот на Христовите прародители, верно барајќи помош од нив, да се избавиме од секаква неволја сите ние кои повикуваме: Со нас е нашиот Бог, Кој ги прослави, како што благоволи. Света Олимпијада, ѓакониса Родена е во Цариград од мошне прочуени родители. Татко ? , Анисиј Секунд, беше сенатор, а мајка ? му беше ќерка на оној славен големец Евлавиј, којшто се спомнува во житието на Св. Николај чудотворец. Кога порасна Олимпијада беше свршена за некој големец, којшто умре пред венчавката со оваа чесна девица. Залудно и царот и останатите роднини ја советуваа да се омажи за друг, таа не…
Povezane vijesti

Od Platona i Aristotela do Darwina i tajni svemira: Split ovog tjedna okuplja filozofe iz cijelog svijeta

Trumpovi izaslanici idu u Norvešku na pregovore o Ukrajini, očekuje se i Zelenski
