Sjeverna Makedonija19936 vijesti
SvijetАнгелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна. Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и стандардите. - Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми природата ги оштетува, корне или руши. Без двојни стандарди, без ургенции, без пријателски врски - истакнува Ангелов. Тој посочува дека природата не прави селекција ниту кога станува збор за дрвјата, при што ги крши слабите гранки и корне нестабилни или оштетени дрвја. - Природата не ја интересираат ниту еколошките организации кои ги штитат дрвјата дури и тогаш кога тие се стари, нестабилни или гнили. Природата чисти сѐ по ред. Ги корне или крши слабите гранки, корне и крши цели дрвја - дополнува тој. Апелира до сите учесници во процесот на градење да бидат совесни и доследно да ги почитуваат предвидените норми и стандарди, бидејќи, како што наведува, никој не знае кога природата повторно ќе изврши „контрола“. Воедно, директорот на ДЗС ги повика и еколошките организации да покажат…
SvijetУтре средба Рубио-Лавров!
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е договорена средба со американскиот државен секретар Марко Рубио и дека ќе се одржи во првата половина од денот во четврток. „Средбата не е можна – веќе е договорена. Вчера се сретнав накратко со Марко Рубио на прием и потврдивме дека разговорот ќе се одржи утре […]
SvijetНајголемиот страв - се случи! ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЈА ПРЕЗЕМА КОНТРОЛАТА ВРЗ СЕБЕ
Вештачката интелигенција која треба да ги унапреди човечките способности и резултати во науката, економијата и комуникациите станува опасност за човештвото! Она од што луѓето се плашеа, дека комјутерите ќе почнат сами да раководат со себе и со интернетот - се случи.
SvijetФилипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции оцени дека Македонија стагнира на патот кон Европската Унија, додека останатите земји кандидати бележат напредок, предупредувајќи дека намерното блокирање на евроинтеграциите претставува „форма на државен удар“. Според него, проширувањето е еден од главните приоритети на Европската Унија, што... Текстот Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар е превземен од А1он.
SvijetФилипче: Намерното запирање на европскиот пат е државен удар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции оцени дека Македонија стагнира на патот кон Европската Унија, додека останатите земји кандидати бележат напредок, предупредувајќи дека намерното блокирање на евроинтеграциите претставува „форма на државен удар“. Според него, проширувањето е еден од главните приоритети на Европската Унија, што... Текстот Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е државен удар е превземен од А1он.
SportРодри блиску до Реал
Реал Мадрид може да го потпише играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер сити, Родри, во овој преоден рок, објави новинарот Рамон Алварез на платформата за социјални медиуми Икс. Според Алварез, мадридскиот клуб е подготвен да ги исполни условите на договорот на 30-годишниот Шпанец, кој претходно одби продолжување на договорот со Сити. Сепак, Реал […] The post Родри блиску до Реал appeared first on Република.
SvijetРокас: Владеењето на правото е клучен предуслов за успешна евроинтеграција
Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата, порача денеска евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас. Како што посочи тој, постојат три клучни области на кои земјата треба да остане посветена, а една од нив е владеењето на … Рокас: Владеењето на правото е клучен предуслов за успешна евроинтеграција Read More » The post Рокас: Владеењето на правото е клучен предуслов за успешна евроинтеграција appeared first on Слободен печат.
SvijetРокас: Влаеењето на правото е клучен елемент за евроинтеграцијата
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја... Текстот Рокас: Влаеењето на правото е клучен елемент за евроинтеграцијата е превземен од А1он.
SvijetРокас: Влаеењето на правото е клучен елемент за евроинтеграцијата, судството да биде кадровски и финансиски зајакнато и ослободено од политички влијанија
Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата. -Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја... Текстот Рокас: Влаеењето на правото е клучен елемент за евроинтеграцијата, судството да биде кадровски и финансиски зајакнато и ослободено од политички влијанија е превземен од А1он.
LifestyleКлековски: Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар
Смирувачки тренд на епидемијата во Гостивар. Вака министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја опиша состојбата со Гостивар поткрепено со бројот на лица кои побарале лекарска помош. -Вчера имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се околу 190 пациенти, имаме натамошно намалување што е значајно од врвот со саботата. Продолжуваме со поддршка на сите епидемиолошки активности, неопходни да се утврди хронологијата на настаните, нагласува Клековски. Тој додаде дека денеска во 12:30 часот ќе се состане Управувачкиот комитет за кризни состојби за да се усвојат плановите на она што е договорено во текот на вчерашниот и денешниот ден. -Сметаме дека здравствената состојба е веќе целосно под контрола и во смирувачки тренд. Сега фокусот е на ставање на гостиварскиот водовод во употреба, вели министерот за здравство.
SvijetАРНО слави 13 години постоење: Бесплатна онлајн работилница „Google Maps за почетници“
Здружението АРНО го одбележува својот 13-ти роденден, продолжувајќи ја својата мисија за поддршка на општествените иновации, зелениот развој и подобрувањето на дигиталните вештини кај граѓаните. Како дел од роденденските активности и во рамките на проектот DigiCitizenEdu, АРНО организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“. Настанот ќе се одржи во понеделник, на 27 јули 2026 година, со почеток во 12:00 часот (во времетраење од 40 минути, до 12:40 часот), преку платформата Zoom. Работилницата е наменета за сите граѓани кои сакаат да ја совладаат секојдневната дигитална ориентација — од пронаоѓање на најблиската аптека или продавница, разбирање на информациите за сообраќајните гужви преку боите на мапата, па сè до посложено планирање на патувања со додавање повеќе попатни точки. Основачката и претседателка на АРНО, Ирина Јаневска, истакна дека одлуката за овозможување ваква бесплатна работилница има и симболично значење за здружението: „2026-та година почна тешко за АРНО, во еден момент ќе изгубевме правец, но со многу верба, труд и добри координати остануваме да постоиме на мапата во граѓанскиот сектор. И така, знаејќи колку е важно да се има смер и добар совет, се одлучивме да подариме една бесплатна работилница за користење на Google Maps. На работилницата може да се пријават сите граѓани.“ Пријавувањето…
PolitikaОртега: Нема веќе избори во Никарагва
Долгогодишниот претседател на Никарагва, Даниел Ортега, најави дека во таа централноамериканска земја повеќе нема да се одржуваат избори, со што се анулира можноста за изборни промени во земјата по истекот на неговиот мандат следната година. „Повеќе нема да има избори, на кои тие би се обиделе да ја преземат владата и власта“, рече Ортега во обраќањето по повод годишнината од сандинистичката револуција од 1979 година, во која учествуваше во соборувањето на диктатурата на Анастасио Сомоса, поддржана од САД. Осумдесетгодишниот лидер, кој владее со Никарагва непрекинато од 2007 година по претходниот мандат во 1980-тите, не појасни на кој начин ќе биде спроведена забраната за избори. „Заврши времето кога партиите поддржани од Јенките и сомозистите се враќаа на власт - тоа никогаш повеќе нема да се случи“, порача Ортега. Американското Министерство за надворешни работи не даде веднаш коментар на таквите изјави. Администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп претходно ја опиша власта на Ортега како диктатура и воведе санкции против повеќе од 2.350 никарагвански функционери и членови на нивните семејства. Последните избори во Никарагва одржани во 2021 година беа предмет на бројни оспорувања. Тогаш Ортега ги затвори политичките противници и деловните лидери, а властите го криминализираа секој облик на несогласување со власта…