Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги “успесите” на СДС и Филипче

Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, објави Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил, кој го пренесуваме во целост. „Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од "францускиот предлог". За жал, демантот на ваквото лажно тврдење на претседателот на СДСМ доаѓа токму од документите на ЕУ, меѓу кои е и последната стратегија "Preparing for a wider Union", каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ. Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ! Односно, ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање. [facebook_post url="https://www.facebook.com/100044230126236/posts/1706444850839836/?mibextid=wwXIfr&rdid=NDbjVq4yH0nQKbqf#"]…
Povezane vijesti

Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ, ете ги „успесите” на СДС и Филипче

Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ – за македонскиот јазик ќе се прашува цела ЕУ
