klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Црногорец приведен на „Табановце“: Возел со брзина од 185, а дозволено било 100 километри на час

Црногорец приведен на „Табановце“: Возел со брзина од 185, а дозволено било 100 километри на час
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 10. 2026. 07:31:38

На граничниот премин „Табановце“, на излез од државата, вчера во 14:25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот М.Н. од Црна Гора, откако при проверка на патничко возило „бмв“ со црногорски национални ознаки, што го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи. - Претходно на автопатот Скопје - ГП „Табановце“, кај клучка Дељадровци, управувал со возилото со брзина од 185 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час. Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава - соопштија од МВР.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti