Sjeverna Makedonija19847 vijesti
SvijetВалбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк
„Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност. Токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори. Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е? Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат. Никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации. Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки. Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за…
SvijetНад 9.000 повици до ЦУК поради невремето во Скопје и скопско
По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици, соопшти Центарот за управување со кризи. Екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците и нормализирање на состојбата. Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најмногу се пријавуваат паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања. Пријавите се однесуваат на целата територија на Град Скопје, вклучувајќи ги сите општини. Во Полошкиот регион на територијата на Тетово нема регистрирани потешки случаи кои барале итни интервенции. Евидентирани се помали материјални штети, а надлежните служби се на терен и ја следат состојбата. Состојбата е стабилна и под контрола. Во Вардарскиот регион (Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино) се регистрирани последици од невремето, меѓу кои: паднати дрвја и гранки; оштетени кровни конструкции и настрешници; прекинати електрични кабли. На терен се ангажирани противпожарните единици, јавните комунални претпријатија, полицијата и екипи на ЕВН. Во делови од Свети Николе, Лозово…
RegionФОТО | Стравично невреме во Бих: гром усмрти десетици овци, паѓал град со големина на тупаница
Гром вчера усмрти цело стадо овци близу градот Купрес во Босна и Херцеговина за време на силната бура што ја зафати земјата, објави „Дневни аваз“. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од угинатите животни, а засега нема информации за повредени луѓе. Од локалната метеоролошка служба наведуваат дека станува збор за една од најтешките последици од … ФОТО | Стравично невреме во Бих: гром усмрти десетици овци, паѓал град со големина на тупаница Read More » The post ФОТО | Стравично невреме во Бих: гром усмрти десетици овци, паѓал град со големина на тупаница appeared first on Слободен печат.
SportВИДЕО | „Светските шампиони се со Палестина“ — Иран лансираше дрон кон Американците со ликот на Јамал
Иранските сили лансираа експлозивнo беспилотно летало насочен кон американската воена база во Персискиот Залив, носејќи голема фотографија од шпанската фудбалска ѕвезда Ламин Јамал, кој држи палестинско знаме, пренесе иранската телевизија И24њуз. Иранските медиуми објавија снимка од лансирањето на беспилотни летала кон американските бази во регионот. На трупот на еден од лансираните дронови јасно може да … ВИДЕО | „Светските шампиони се со Палестина“ — Иран лансираше дрон кон Американците со ликот на Јамал Read More » The post ВИДЕО | „Светските шампиони се со Палестина“ — Иран лансираше дрон кон Американците со ликот на Јамал appeared first on Слободен печат.
SvijetЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје
По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се… The post ЦУК: Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје appeared first on Fokus.mk.
SvijetНад 9000 повици на 112 во Скопје, штети од невремето има во голем дел од државата
Силното невреме проследено со ветер, пороен дожд и локални врнежи предизвика материјални штети во повеќе региони низ државата. Регистрирани се паднати дрвја, оштетени кровови, прекини во електроснабдувањето, поплавени објекти и оштетувања на инфраструктурата, додека екипите на надлежните институции се на терен и работат на расчистување на последиците. Во Скопје, по... Текстот Над 9000 повици на 112 во Скопје, штети од невремето има во голем дел од државата е превземен од А1он.
SvijetИзраел гради огромен песочен ѕид за да ја подели Газа
Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили (ИДФ) градат голема бариера од песок, со која се одделуваат 50 до 70 отсто од Појасот Газа што ги контролира Израел од подрачјата под контрола на Хамас, потврди вчера израелската војска. Компанијата за сателитско снимање „Планет лабс ПБЦ“ ги забележала промените на теренот и снимките ѝ ги доставила […]
ZabavaАктерката Кејли Хотл (18) загина во страшна сообраќајна несреќа
Кејли Хотл, актерката со оштетен слух, можеби најпозната по улогата на Џија во филмовите „Годзила против Конг“, трагично загина во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Мериленд на 18-годишна возраст. Фаталната несреќа со едно возило се случи вчера утрото, кога автомобилот излетал од патот и удрил во канал. Нејзиниот татко Џошуа ја потврди веста за нејзината смрт во видеопорака на Фејсбук. Видеото е снимено на американски знаковен јазик, бидејќи сите членови на семејството Хотл се глуви. Пораката е насловена: „Одам на патување кое никогаш не сакав да го направам“, објавува „Гардијан“. Тексашкото училиште за глуви, кое го посетуваше, исто така објави за нејзината смрт. „Нашите срца се со семејството на Кејли, пријателите, соучениците и сите што ја познаваа и ја сакаа во ова исклучително тешко време“, се вели во соопштението. Хотл глумеше во авантуристичкиот филм од 2021. - „Годзила против Конг“ и во продолжението „Годзила x Конг: Новата империја“, од 2024 година, потсетува „Холивуд репортер“. - Глумам во филмови за чудовишта како глуво лице. Сакам глувите луѓе да знаат дека можат да го направат тоа, исто како мене. Нема граници!, рече таа во една прилика. Покрај нејзините филмски улоги, Хотл се појави и во неколку реклами, како и во една…
BiznisАндоновски: Со поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–ОН ќе го унапредуваме Централниот регистар на население
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на Бизнис-форумот меѓу Македонија и Индија, каде што го претстави предлог-проектот за унапредување на Централниот регистар на население, за чија реализација е предложена поддршка од Фондот за развојно партнерство Индија–Обединети нации (India-UN Development Partnership Fund). Во присуство на претседателката на Република Индија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот Андоновски истакна дека проектот претставува конкретен и перспективен прв чекор кон продлабочување на дигиталната и економската соработка меѓу двете земји. „Целта е практична и насочена кон граѓаните – доверливите и точни податоци да ги претвориме во подобри одлуки и поквалитетни јавни услуги. Централниот регистар на население веќе претставува основа за сигурни дигитални услуги и проверка на идентитетот, а со неговото унапредување ќе создадеме уште поефикасен и поповрзан систем“, нагласи Андоновски. Предлог-проектот предвидува поврзување на клучните матични евиденции, подобрување на квалитетот на податоците со примена на вештачка интелигенција и развој на аналитички алатки за креирање политики засновани на податоци и докази. Примената на новите технологии ќе се спроведува со институционална проверка и задолжителен човечки надзор. Со реализацијата на проектот се очекуваат побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните и компаниите, помалку административни постапки и подобро насочување на јавните инвестиции. „Компаниите не треба да бидат курири меѓу институциите…
SportШпанската фудбалска Федерација сака да го продолжи договорот со Де ла Фуенте до СП 2030
Рафаел Лузан, претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (RFEF), очекува главниот селектор на Шпанија, Луис де ла Фуенте, да го продолжи со тимот до СП во 2030 година. " Никогаш немаше никакви сомнежи за Луис де ла Фуенте. Воопшто никакви. Мислам дека сите го разбираат тоа. Секоја одлука што ја направи беше апсолутно точна. Луис ја чита играта одлично и, што е најважно, учи од претходниот натпревар. Благодарение на ова, тој веќе има план за следниот натпревар и точно знае како да ги позиционира сите парчиња во мозаикот. Тој е вистински мајстор. Работите брзо се менуваат во фудбалот, но лесно можеме да замислиме дека Де ла Фуенте ќе остане тука долго време. Неговиот договор зборува сам за себе. Сега ќе се обидеме дополнително да го зајакнеме нашиот однос и да го продолжиме неговиот договор со федерацијата. Всушност беше многу лесно. Горд сум на тоа како ни помогна да постигнеме добар договор тогаш. Сега имаме уште еден историски датум пред нас, но и 2030 година е на повидок. И навистина би сакал Луис да биде дел од тој момент, изјави Лузана за „АС“.
Kultura„Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска денеска во Кинотека
КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ When the day had no name Теона Стругар Митевска / Македонија / 2017 / 93 мин Филмот претставува приказна за група тинејџери од исто маало, млади луѓе кои растат во средина оптоварена со предрасуди, стравови и длабоко вкоренети етнички поделби. Тие секојдневно се соочуваат со тензиите што постојат меѓу нив и […] The post „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска денеска во Кинотека appeared first on Република.
SvijetМакедонка остана без скапа бижутерија: Спречен обид за шверц на „Сваровски“ накит
На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, или околу 5.400 евра откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.