Средба на Димитриеска-Кочоска со Јуџин Ругенат од Светска банка – забрзувањето на реформите и реализацијата на проектите во фокусот

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска, преку својот фејсбук профил, информира дека во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок се сретнала со извршниот директор на Светска банка за конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат. Како што наведува Димитриеска-Кочоска, станало збор за реформите, за реализацијата на проектите и за искористување на расположливата финансиска и експертска поддршка за подобрување на јавните услуги и поттикнувањето на економскиот раст. -На средбата со Јуџин Ругенат, извршен директор на Светската банка за Конституенцата во која членува нашата држава, во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Бангкок, разговаравме за досегашната соработка, тековните проекти и можностите за натамошна поддршка на развојните приоритети на државата. Акцентот го ставивме на забрзување на реформите, поефикасна реализација на проектите и искористување на расположливата финансиска и експертска поддршка за подобрување на јавните услуги и поттикнување на економскиот раст. Продолжуваме со посветена соработка со Светската банка, насочена кон долгорочен и одржлив развој и конкретни придобивки за граѓаните, истакнува министерката.
Povezane vijesti

Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

САД очекуваат Приштина да ги исполни своите обврски за косовските Срби доколку сака обновување на стратешкиот дијалог со Вашингтон
