klik.world
Zabava Sjeverna Makedonija

Коки Јанков ја отвори душата кај Антонио: Шест месеци не свиревме со Дуле, немав пари, но срцето не ми дозволуваше да продолжам без него

Коки Јанков ја отвори душата кај Антонио: Шест месеци не свиревме со Дуле, немав пари, но срцето не ми дозволуваше да продолжам без него
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·14. 10. 2026. 20:19:10

Во емотивен разговор, исполнет со спомени, анегдоти и досега нераскажани детали, Коки се наврати на почетоците во родниот Штип, преселбата во Скопје, големата победа на „Макфест“ во 1996 година и времето кога „Дуле и Коки“ беа меѓу најбараните музичари во Македонија. Но, еден од најемотивните моменти во разговорот беше неговото сведоштво за последните години од животот на Дуле и периодот кога нивната долгогодишна музичка соработка почнала да се соочува со сериозни проблеми. „Шест месеци не свиревме, а ќерка ми требаше да се роди“ Коки откри дека во еден период настапите целосно престанале, додека тој се соочувал со сериозни егзистенцијални предизвици. „Се откажаа свирките и шест месеци не свирев. Ова не сум го кажал, не сум го зборел. Ќерка ми требаше да се роди тогаш, јас под кирија“, раскажа музичарот. Како што објасни, Дуле во тој период му кажал дека повеќе не може да настапува поради проблемите со кои се соочувал. Коки ја прифатил неговата одлука, иако тоа значело да остане без редовните приходи од музиката. Во тие тешки моменти се обратил кај музичарот Панки, кој веднаш му понудил заеднички настапи. „Панки ми вика: ‘Брате мили, влегувај, свириме заедно’. А јас размислувам, не ми дава срце. Како јас сега одеднаш да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti