Sjeverna Makedonija17862 vijesti
SvijetДимитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти
Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во подкастот „Каде се парите“. Говорејќи за зголемувањето на расходите со ребалансот, министерката посочи дека Министерството за финансии мора да води сметка не само за бројките, туку и за реалните потреби на граѓаните и институциите. „Министерот за финансии има најтешка улога, затоа што ако сакаме да ги гледаме работите само од аспект на тоа каков треба да биде буџетскиот дефицит, ќе кажеме – да, министерот се држи цврсто до бројката, но на другата страна имаме живот и реалност“, рече Гордана Димитриеска-Кочоска. Во однос на капиталните инвестиции, министерката истакна дека тие не смеат да се гледаат исклучиво како трошок, туку како вложување во идниот развој на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните.. Таа посочи дека капиталните инвестиции имаат директен придонес за економскиот раст, но и долгорочни ефекти врз развојот и животниот стандард. „Капиталните инвестиции директно влијаат на бруто-домашниот производ, а по нивната реализација директно и индиректно влијаат врз економијата и подобрувањето на квалитетот на живот“, истакна Димитриеска-Кочоска…
SvijetСе зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
Бројот на загинатите, во двата големите земјотреси што ја погодија Венецуела, се искачи на 235, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез наведе дека над 1.500 повредени луѓе се хоспитализирни. Тој додаде дека земјотресот делумно или целосно разурнал 250 згради. Околу 4.300 луѓе се повредени, а повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез потврди дека спасувачите работат на пронаоѓање на преживеани и оти помош пристигнала од САД, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Мексико и Катар. САД ветија 150 милиони долари помош, а американската армија испрати транспортни бродови и авиони за поддршка на тимовите за пребарување и спасување. Во Венецуела беа регистрирани два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на првиот земјотрес беше западно од градот Морон, на карипскиот брег на длабочина од 13 километри. За кратко време уследи уште еден земјотрес со епицентар на 16 километри југозападно од Морон, кој е оддалечен од Каракас 168 километри.
СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови
„Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот… The post СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови appeared first on Fokus.mk.
SvijetКим надгледуваше тестирање на оружје
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун надгледуваше тестирање на систем за повеќекратно лансирање на ракети и на самоодна хаубица од 155 милиметри. - Модернизацијата на програмите за оружје на Северна Кореја е насочена кон автоматизација, способност за долг дострел и суперпрецизност. Целта е да се обезбеди способност за одбрана на јужната граница, посочи Ким. Тој присуствуваше на тестирањето на новата верзија на 240-милиметарски систем за повеќекратно лансирање на ракети, со 24 цевки за лансирање, тактички балистички ракети, а се тестираше и. Модернизираниот систем за повеќекратно лансирање на ракети е опремен со автономен комплекс за прецизно водење, а неговиот дострел е зголемен на 90 километри. Северна Кореја минатиот месец објави дека тестирала тактички балистички ракети, артилериски гранати и високопрецизни крстосувачки ракети водени од вештачка интелигенција.
SportХоланѓаните ја потврдија супериорноста
Репрезентацијата на Холандија ја постигна и втората победа на Светското првенство откако ноќеска го совлада Тунис со 3:1, додека во вториот дуел од групата Јапонија и Шведска одиграа 1:1. Холандија дојде до брзо водство против Тунис откако Елиас Скхири во 3.минута постигна автогол, а Брајан Броби во 7.минута зголеми на 2:0. На почетокот на вториот […] The post Холанѓаните ја потврдија супериорноста appeared first on Република.
SportЕквадор ја совлада Германија
Репрезентацијата на Еквадор направи сензација совладувајќи ја Германија во последното коло од група Е со 2:1, додека на вториот дуел Брегот на Слоновата коска (БСК) го победи Курасао со 2:0. На дуелот во Њујорк, Германија поведе веќе во 2.минута со голот на Лирој Сане. Но, дека се подготвени за изненадување фудбалерите на Еквадор покажаа со изедначувањето во 9.минута преку Нилсон Ангуло. Голот за победа и трето место и можност за пласман во нок аут фазата го постигна Гонзало Плата во 77.минута. БСК го совлада Курасао со 2:0, а стрелец на двата гола беше Никола Пепе во 7 и 64.минута. Првото место го освои Германија со 6, колку што освои и БСК и ги обезбедија првите две места и директен пласман во следната фаза од Мундијалот, додека Еквадор има 4 бодови и ќе ја чека разврската од другите групи. Куроасо освои само еден бод. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=MfwlUFeWoAI[/embed]
Crna kronikaВо акција на ФБИ и црногорската полиција уапсено лице поврзано со Иранската револуционерна гарда
Против 39-годишникот, кој поседува турско и иранско државјанство, се води кривичната постапка во Вишиот суд во Њујорк... The post Во акција на ФБИ и црногорската полиција уапсено лице поврзано со Иранската револуционерна гарда appeared first on 360 степени.
Svijet235 жртви, а 4.300 повредени во земјотресите во Венецуела
Се уште под урнатитните се трага по преживеани. Надеж во потрагата по преживеани е вадењето на дете од урантините, детето беше извлечено без никави повреди. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погодија Вене
SvijetГО УКИНУВААТ EES: „Катастрофата“ за време на летната сезона ги натера аеродромите во Рим да го суспендираат новиот систем
Аеродромите во Рим ќе мора да ја суспендираат имплементацијата на новиот дигитален граничен систем на ЕУ за државјани кои не се членки на ЕУ за да избегнат „катастрофа“ за време на летните туристички месеци. Според менаџерот на аеродромот, дозволувањето на патниците да го заобиколат биометрискиот систем за влез/излез (EES) е единствениот начин да се спречи […]
SvijetМИЦКОСКИ ДЕМАСКИРА организирана бугарска кампања во Македонија
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови, се вели во соопштението од Владата кое МИА го објавува интегрално....
SvijetВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 660 украински беспилотни летала, што претставува еден од најголемите напади со дронови од почетокот на војната. Според министерството, дроновите биле пресретнати во повеќе од десет региони, меѓу кои Московската област, анектираниот... Текстот ВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови е превземен од А1он.
SvijetТрилече – мек и сочен десерт со карамел
Потребни состојки за пандишпанот: 6 јајца 100 грама шеќер 200 грама брашно ½ прашок за печиво 1 ванилин шеќер За преливот: 400 мл слатка павлака 300 мл кондензирано млеко 800 мл полномасно млеко За премачкување: 300 грама карамел крем Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане цврста и сјајна, додавајте ги жолчките една по една, матејќи кратко по секое додавање. На крај, внимателно вмешајте го брашното измешано со прашокот за печиво, користејќи најмала брзина на миксерот или шпатула за да остане смесата воздушеста. Истурете ја смесата во правоаголен плех (20 × 30 см) обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20–25 минути, додека пандишпанот не добие златножолта боја. Оставете го пандишпанот кратко да се излади, потоа извадете го од плехот и со вилушка или дрвен стапче направете повеќе отвори по целата површина. Во плехот најпрво истурете ја слатката павлака, а врз неа ставете го пандишпанот превртен наопаку. Оставете да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измешајте ги кондензираното и обичното млеко, па рамномерно прелијте го пандишпанот. Почекајте неколку минути целосно да ја впие течноста. На…