Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во подкастот „Каде се парите“. Говорејќи за зголемувањето на расходите со ребалансот, министерката посочи дека Министерството за финансии мора да води сметка не само за бројките, туку и за реалните потреби на граѓаните и институциите. „Министерот за финансии има најтешка улога, затоа што ако сакаме да ги гледаме работите само од аспект на тоа каков треба да биде буџетскиот дефицит, ќе кажеме – да, министерот се држи цврсто до бројката, но на другата страна имаме живот и реалност“, рече Гордана Димитриеска-Кочоска. Во однос на капиталните инвестиции, министерката истакна дека тие не смеат да се гледаат исклучиво како трошок, туку како вложување во идниот развој на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните.. Таа посочи дека капиталните инвестиции имаат директен придонес за економскиот раст, но и долгорочни ефекти врз развојот и животниот стандард. „Капиталните инвестиции директно влијаат на бруто-домашниот производ, а по нивната реализација директно и индиректно влијаат врз економијата и подобрувањето на квалитетот на живот“, истакна Димитриеска-Кочоска…

