klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трилече – мек и сочен десерт со карамел

Трилече – мек и сочен десерт со карамел
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·26. 06. 2026. 07:55:02

Потребни состојки за пандишпанот: 6 јајца 100 грама шеќер 200 грама брашно ½ прашок за печиво 1 ванилин шеќер За преливот: 400 мл слатка павлака 300 мл кондензирано млеко 800 мл полномасно млеко За премачкување: 300 грама карамел крем Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане цврста и сјајна, додавајте ги жолчките една по една, матејќи кратко по секое додавање. На крај, внимателно вмешајте го брашното измешано со прашокот за печиво, користејќи најмала брзина на миксерот или шпатула за да остане смесата воздушеста. Истурете ја смесата во правоаголен плех (20 × 30 см) обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 °C околу 20–25 минути, додека пандишпанот не добие златножолта боја. Оставете го пандишпанот кратко да се излади, потоа извадете го од плехот и со вилушка или дрвен стапче направете повеќе отвори по целата површина. Во плехот најпрво истурете ја слатката павлака, а врз неа ставете го пандишпанот превртен наопаку. Оставете да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измешајте ги кондензираното и обичното млеко, па рамномерно прелијте го пандишпанот. Почекајте неколку минути целосно да ја впие течноста. На…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti