Sjeverna Makedonija18136 vijesti
KulturaЗбирката поезија „Во куќата“ од Андова Шопова добитник на „Браќа Миладиновци“ за 2026
Според образложението на жири-комисијата, станува збор за мала поетска книшка компонирана во два поетски циклуса и своевидна епилошка песна. Вонредно талентиран поетски испис на сериозен и зрел автор. „Првиот циклус во колибата ја испишува потрагата по него (цврстото засолниште), тоа само се наѕира и насетува, истовремено испишувајќи ја фрагментираностa на поетскиот субјект во реалноста на […] The post Збирката поезија „Во куќата“ од Андова Шопова добитник на „Браќа Миладиновци“ за 2026 appeared first on МКД.МК.
Crna kronikaСрбин „летал“ со 221 км на час на автопатот Скопје-Гевгелија, полицијата му го одзеде возилото
Српски државјанин бил лишен од слобода откако бил фатен како управува возило со брзина значително поголема од дозволената на автопатот Скопје – Гевгелија. Како што информираат од МВР, на 25 јуни околу 20:10 часот, кај Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија при сообраќајна контрола со радар го запреле М.С. (60) од Република Србија. При контролата […]
SvijetМладите во фокус на Оперативниот план за вработување, најмалку 58 проценти од планот е наменет за нив
Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво). Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се […] The post Младите во фокус на Оперативниот план за вработување, најмалку 58 проценти од планот е наменет за нив appeared first on Република.
SvijetЦела држава е во еуфорија — претседателот на Еквадор победата над Германија ја прогласи за државен празник
Еквадор е погоден вистинска фудбалска еуфорија по историскиот пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, а големиот успех на националниот тим беше одбележан и со симболичен потег на државниот врв. Претседателот Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за државен празник, откако еквадорската репрезентација со победата од 2:1 против Германија обезбеди место меѓу најдобрите 32 селекции на … Цела држава е во еуфорија — претседателот на Еквадор победата над Германија ја прогласи за државен празник Read More » The post Цела држава е во еуфорија — претседателот на Еквадор победата над Германија ја прогласи за државен празник appeared first on Слободен печат.
SvijetВо земјотресите во Венецуела загинаа 589 луѓе, а речиси 3.000 се повредени
Во двата разорни земјотреси во Венецуела загинаа 589 луѓе, а повредени се 2.980, соопшти денеска вршителот на должноста претседател Делси Родригез. Taa ja даде изјавата опкружена со официјални лица и воен персонал, поздравувајќи го пристигнувањето на спасувачките екипи од целиот свет во Венецуела. „Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача“, рече Родригез. Таа истакна дека венецуелската држава Ла Гваира е најтешко погодена од земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени што ја потресоа земјата завчера вечер. Додаде дека ситуацијата таму е под контрола на војската додека спасувачките екипи бараат преживеани и дистрибуираат храна и вода.
Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование
Жестока дебата меѓу власта и опозицијата се разви на денешната собраниска седница посветена на измените на Законот… The post Жестока дебата во Собранието: Власта и опозицијата на „воена нога“ за измените во основното образование appeared first on Fokus.mk.
SvijetСобранието гласа по законите дел од реформската агенда
Парламентот даде зелено светло за пакет закони дел од реформската агенда. Без особена дебата пратениците ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба, за високи јаководители, законот за користење обновливи извори на енергија, Закон за зоотехника. Донесен беше и законот за оружје, единствениот за кој поддршка даде и СДСМ. Во трка да се стигне со роковите пратениците ги изгласаа и измените на Законот за Совет на јавни обвинители, измените на законите за основно и средно образованиеи законот за финансиски лизинг. Опозицијата реагира дека наместо вистински реформи и менување на законските решенија се брза само да се заврши со обврските во рокот. СДСМ со исти обвинувања и за законот за јавнообвинителската служба... На 30 јуни повторно ќе бидеме земја која што направила и донела најмногу реформи, вратија од мнозинството. Реформата не започнува со затворање на училишта и кратење н работни места, регираат опозиционерите за законот за основно и средно образование. Се чека договор во работната група и за Изборниот законик од кој зависи дали ќе се исполнат обврските кои Македонија требаше да ги заврши во грејс периодот до 30 јуни кој Брисел го даде за исполнување на реформската агенда. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Собранието гласа по законите…
SvijetНов модел за проширување на ЕУ
Европската комисија подготвува нов план со кој земјите кандидати постепено ќе добиваат дел од економските придобивки уште пред станат членки на ЕУ. Ова го објави „Политико“, повикувајќи се на анонимни дипломатски извори запознаени со разговорите. Предлогот е дел од концептот на т.н. „постепена интеграција“, според кој кандидатите ќе бидат наградувани додека ги спроведуваат реформите потребни за членство. Според информациите на „Политико“, во Брисел се разгледуваат повеќе можности, меѓу кои пристап до дел од европските фондови, повластени трговски аранжмани и ограничен пристап до единствениот европски пазар. Обемот на придобивките би зависел од напредокот на секоја земја во усогласувањето со европските правила и спроведувањето на реформите. Новиот модел не предвидува институционално учество во Европската Унија. Наместо тоа, кандидатите би добивале дел од економските придобивки што ги уживаат земјите членки, но без формално да влезат во Унијата. „Политико“ наведува дека предлогот има поголема политичка поддршка од претходните иницијативи. Франција и Германија и претходно се залагаа за ваков пристап, оценувајќи дека тој може да го забрза процесот на проширување без да се намалат критериумите за членство. Европската комисија планира во текот на есента да побара поддршка од земјите членки, а лидерите на Европската Унија би можеле да ја разгледуваат иницијативата на состаноците на Европскиот…
SvijetВучиќ: Почитувани граѓани, ова се Драгутин и Милутин (ВИДЕО)
Вучиќ ги претстави роботите, речиси исти како оние што го пречекаа неодамна во Кина, како свои пријатели, тврдејќи дека играат оро „дури и подобро“ од него. „Драги граѓани, ова се Милутин и Драгутин, моите двајца пријатели. Нашите српски роботи. Сè е тука: носиите, шајкачите и Моравац, кое го играат подобро од мене“, кажа Вучиќ. Потоа […] The post Вучиќ: Почитувани граѓани, ова се Драгутин и Милутин (ВИДЕО) appeared first on МКД.МК.
SvijetСите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
Владината коалиција влегува во клучната недела за најавената реконструкција. Иако преговорите се во завршна фаза, од партијата ЗНАМ јавно демонстрираат цврст став и порачуваат дека нивните кадри успешно ја спровеле програмата и дека на Илинденска не влегле по сопствена желба, туку по покана. Сепак од партијата на Димитриевски велат сите опции како и за нови министерски ротации остануваат отворени. Додека ЗНАМ тактизира, во коалицијата ВЛЕН преговорите се во полн ек. Сепак, највпечатлив е ставот на министерот за здравство, Азир Алиу. Во ек на шпекулации за негова смена, тој порача дека политичката функција не му е животна вредност и дека секој ден на работа доаѓа свесен дека може да му биде последен на функцијата. Во вторник по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, официјално ќе се знаат новите имиња и кои ресори ќе претрпат ротација. Мицкоски тврди дека владата по две години е конечно консолидирана, по како што вели, „длабокиот минус“ што го затекнале. И додека премиерот одбива предвреме да зборува за персонални решенија, во политичките кулоари веќе наголемо се шпекулира дека освен ресорот правда, сериозни кадровски измени и ротации ќе претрпат и министерствата за здравство, култура, како и некои од економските ресори. Новиот владин состав ќе се најде пред пратениците…
SvijetОчајничка трка со времето во Венецуела, бројот на загинати нагло се зголеми (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се појавија нови снимки на кои се гледа моментот кога зграда се сруши за време на силниот земјотрес. Луѓе беа видени како трчаат низ ходници и скали за да избегаат од зградата пред да се сруши. Војската ќе ја пребарува
SvijetВтор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
Втор ден молк од општина Тетово по одлуката за воведување т.н. женски термини за капење во градскиот базен. Општината ниту денеска не одговори дали жените ќе имаат право да се капат со мажите во другите термини, како и колку граѓани побарале вакво нешто. Одлуката предвидува жените и девојките да го користат базенот секоја среда и сабота од 08:30 до пладне. Од Комисијата за заштита од диксриминација за Сител велат дека го следат случајот и дека и тие ќе бараат одговори од општината. Базенот е јавен, направен од државни пари и поради тоа не смее да има сегрегација по ниедна основа. Но од Комисијата велат дека прво треба да се утврдат причините за ваквата одлука. Базенот во текот на школската година се користи за потребите на учениците, но за време на летниот распуст е ставен на располагање за сите граѓани. Фото за вовед: Видео: daniel.mp4 Категорија: Македонија Новинар: Даниел Василев