Собранието гласа по законите дел од реформската агенда

Парламентот даде зелено светло за пакет закони дел од реформската агенда. Без особена дебата пратениците ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба, за високи јаководители, законот за користење обновливи извори на енергија, Закон за зоотехника. Донесен беше и законот за оружје, единствениот за кој поддршка даде и СДСМ. Во трка да се стигне со роковите пратениците ги изгласаа и измените на Законот за Совет на јавни обвинители, измените на законите за основно и средно образованиеи законот за финансиски лизинг. Опозицијата реагира дека наместо вистински реформи и менување на законските решенија се брза само да се заврши со обврските во рокот. СДСМ со исти обвинувања и за законот за јавнообвинителската служба... На 30 јуни повторно ќе бидеме земја која што направила и донела најмногу реформи, вратија од мнозинството. Реформата не започнува со затворање на училишта и кратење н работни места, регираат опозиционерите за законот за основно и средно образование. Се чека договор во работната група и за Изборниот законик од кој зависи дали ќе се исполнат обврските кои Македонија требаше да ги заврши во грејс периодот до 30 јуни кој Брисел го даде за исполнување на реформската агенда. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Собранието гласа по законите…
Povezane vijesti

Мицевски: СДСМ блокира закони од реформската агенда, побарани од ЕК – Макединија повеќе нема зложник на политички блокади

Гаши: Собранието ја интензивира работата за навреме да се донесат реформските закони
