Нов модел за проширување на ЕУ

Европската комисија подготвува нов план со кој земјите кандидати постепено ќе добиваат дел од економските придобивки уште пред станат членки на ЕУ. Ова го објави „Политико“, повикувајќи се на анонимни дипломатски извори запознаени со разговорите. Предлогот е дел од концептот на т.н. „постепена интеграција“, според кој кандидатите ќе бидат наградувани додека ги спроведуваат реформите потребни за членство. Според информациите на „Политико“, во Брисел се разгледуваат повеќе можности, меѓу кои пристап до дел од европските фондови, повластени трговски аранжмани и ограничен пристап до единствениот европски пазар. Обемот на придобивките би зависел од напредокот на секоја земја во усогласувањето со европските правила и спроведувањето на реформите. Новиот модел не предвидува институционално учество во Европската Унија. Наместо тоа, кандидатите би добивале дел од економските придобивки што ги уживаат земјите членки, но без формално да влезат во Унијата. „Политико“ наведува дека предлогот има поголема политичка поддршка од претходните иницијативи. Франција и Германија и претходно се залагаа за ваков пристап, оценувајќи дека тој може да го забрза процесот на проширување без да се намалат критериумите за членство. Европската комисија планира во текот на есента да побара поддршка од земјите членки, а лидерите на Европската Унија би можеле да ја разгледуваат иницијативата на состаноците на Европскиот…
Povezane vijesti

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

ЕУ ќе го пренасочи финансирањето за реформи во Западен Балкан кон Македонија, Црна Гора и Албанија, земјите што покажуваат најголем напредок
