Sjeverna Makedonija10009 vijesti
SvijetСАД извршија нови воздушни напади врз Иран по загинувањето на двајцата американски војници во Јордан
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на способноста на Иран да го попречува сообраќајот на нафтени танкери низ стратешки важната Ормуска Теснина. Во меѓувреме, ирански медиуми јавија дека американските сили синоќа извршиле напади во близина на јужниот ирански град Сирик. Одбранбените сили вчера соопштија дека двајцата американски војници загинале во Јордан за време на заедничка операција на американските и на партнерските сили против напад со ирански балистички ракети и со беспилотни летала. Еден војник се води како исчезнат, додека четворица други биле хоспитализирани во Јордан и по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
SvijetНајмногу дожд наврнал во Берово
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени […]
SvijetБрутален напад врз Киев
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во рускиот балистички ракетен напад врз Киев и неговата околина синоќа. Според првичните информации, 31 балистичка и осум хиперсонични ракети „Циркон“ биле испукани кон главниот град. Kyiv has endured the largest attack since the start of the war Overnight, Russia launched 41 missiles and 125 drones at … Брутален напад врз Киев Read More » The post Брутален напад врз Киев appeared first on Слободен печат.
SvijetПретседателот Костадиновски на работна средба со Озкаја, претседателот на турскиот Уставен суд
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусебната комуникација, размена на добри практики и организирање идни заеднички активности од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), како и на можностите за понатамошна меѓународна афирмација на Форумот во пресрет на европските и светските конгреси на уставните судови. Претседателот Костадиновски го запозна претседателот Озкаја со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд на Република Македонија, како и со активностите што Судот ги презема за унапредување на транспарентноста, отвореноста кон јавноста и справувањето со дезинформациите, лажните вести и манипулациите поврзани со неговата работа. Воедно, претседателот Костадиновски изрази благодарност до Уставниот суд на Република Турција и до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за континуираната поддршка што ја обезбедуваат за Уставниот суд на Република Македонија. „Уставните судови, преку заемна соработка и размена…
SvijetНајсилниот заштитник на децата: Денес е Свети Сисој Велики
Православна црква и нејзините верници го слават празникот посветен на Свети Сисој Велики. Овој светител е исклучително почитуван и ценет од мајките и жените бидејќи го сметаат за заштитник на децата и брз помошник во секоја тага и неволја. Многу мајки практикуваат пост 7 дена пред овој празник за да се причестат, а овој „седумдневен […] The post Најсилниот заштитник на децата: Денес е Свети Сисој Велики appeared first on Република.
SvijetСДСМ: Со прогласување на епидемија во Гостивар полесно ќе се спречи ширење на заразата
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се […]
SvijetСДСМ: Епидемијата во Гостивар постои, потребно е надлежните да ја прогласат
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе… The post СДСМ: Епидемијата во Гостивар постои, потребно е надлежните да ја прогласат appeared first on Fokus.mk.
SvijetКривичниот суд во Скопје се чисти од старите предмети, заостанатите случаи се преполовени за една година
Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како стари предмети се сметаат предмети што се во судските лавиринти повеќе од две години. Држењето на предметите во фиока и ризикот за застареност е една од најголемите забелешки за македонското судство изминативе години. Судот нотира дека овој тренд за решавање на старите предмети директен резултат на континуираните активности насочени кон зголемување на ефикасноста во постапувањето. Судот изминатава година ја променил и политиката на изрекување на мерката притвор, како најстрога мерка за обезбедување. Незаконските и долгите притвори исто така беа забелешка за работењето на македонското судство. Има зголемување на склучени спогодби меѓу судот и обвинетите, што пак, го намалува времетраењето на судската постапка и трошоците. Така ако во првиот квартал од годинава биле склучени само 4 спогодби, од април до сега кривичните судии успеале пак, да постигнат…
SvijetСАД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле […] The post САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан appeared first on Република.
Svijet(ВИДЕО) Киев e под најтешкиот ракетен напад од почетокот на конфликтот
Киев беше подложен на еден од најинтензивните ракетни напади од почетокот на конфликтот во текот на ноќта, бидејќи, според украински извори и специјализирани канали за следење на борбените операции, 44 балистички и крстосувачки ракети беа лансирани кон украинскиот главен град за помалку од еден час. Kyiv has endured the largest... Текстот (ВИДЕО) Киев e под најтешкиот ракетен напад од почетокот на конфликтот е превземен од А1он.
SvijetРецепт за превкусен летен гулаш, побрзо се приготвува од класичниот
Летниот гулаш е брза и лесна верзија на класично јадење, совршен за топлите денови. Уживајте во сочниот оброк со свинско месо и зеленчук. Класичниот гулаш е омилено јадење на многу семејства, но во лето сите сакаат полесни оброци што побрзо се подготвуваат. Токму затоа овој летен гулаш е одличен избор, во него има помалку месо, … Рецепт за превкусен летен гулаш, побрзо се приготвува од класичниот Read More » The post Рецепт за превкусен летен гулаш, побрзо се приготвува од класичниот appeared first on Слободен печат.
SvijetДенеска е преподобен Сисој Велики
Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ? се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше Св. Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ? се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одоговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се…